Една од најраните претстави на ракување се наоѓа на рељеф од деветиот век п.н.е. кој го прикажува асирскиот крал Шалманасер Трети како се поздравува со вавилонскиот владетел, за на тој начин да сигнализира сојузништво.
Во древниот Рим ракувањето често се користело како симбол на пријателство и лојалност, а парови споени дланки имало и на римските монети.
Секојдневното ракување се смета за поскорешен феномен. Некои историчари веруваат дека било популаризирано од квекерите од 17 век, кои го сметале овој гест како поегалитарна алтернатива од наклонот, бакнувањето рака или отпоздравувањето со кревање на шапка
Во современиот свет, во зависност од земјата и културата, ракувањето е традиционален поздрав за запознавање или честитање, но и при средба на официјални лица. Бон-тонот предвидува тоа да се прави со десна рака (без оглед дали е некој левак), и прво да се поздрават жените, освен во (главно исламски) земји каде ракување со жени не е вообичаено. Додека некој се ракува, другата рака треба да му е слободна, а не во џеб. А постои и ред по кој некој подава рака, според возраст и статус.
Неприфатената рака за поздрав се смета за навреда и сигнал за отворено непријателство или протест.
Ракување на повеќе лица се практикува најмногу кога е созаден некој политички сојуз,договор ,спогодба, во тој случај сите учесници учествуваат со редење на рацете една врз друга.
Во денешно време за време на пандемијата ,ракувањето почнува да се заменува со „лактање“, „ногување“ (поздравување со удирање на стапалата наместо со ракување), наклони (како индиското „намасте“) или просто неиницирање контакт.