Производство на Афионот кај нас

0
180
Афионот е познат уште во античкиот период и бил одгледуван неколку века пр. н.е. во Мала Азија. Во Македонија се смета дека го пренеле Турците.
Откако се зарежуваше афионот, испушташе бело млеко, а по час-два почнува да добива розова, на крајот кафена боја на смесата. Ако случајно заврне дожд, особено ако е силен доцнопролетен дожд, знаеше целиот труд да го измие. И беше многу важно денот кога се собираше афионот да биде убав, сончев ден . Се случувало некое дете додека неговите родители работеле со афионот , за да не им додева на родителите додека работат, мајката знаела на нокотот да нагребе афион, да стави во млекото, да го измеша и детето цел ден до да биде мирно ,до вечерта да не мрдне.
Моќта на (калта) така беше нарекувана смесата што се вадеше од афионот ,вешто бил користен од одредени бајачки,кои тоа го злоупотребуваа при баењето на децата со цел да се прикажат како успешни.
Инаку афионот кај нас во Илинден масовно се произведуваше во повоениот период некаде до 1955-1960 година, на просторот околу Живинарската фарма.

 — со Скопска Црна Гора(БАРА по маше) и АФИОНСКО ПОЛЕ.

Претходниот артикал,Митре и Марица Ваневски од Кадино
Следната статијаСимболично закројување на виновата лоза и избор на најдобри вина

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука