АЈРИ ДЕМИРОВСКИ -битолски песнописец и песнопоец.

0
106

Роден е во Битола 1927 година, како млад го изучувал берберскиот занает.

По ослободувањето бил првиот ученик од Битола испратен во Загреб во графичкото училиште да го изучува печатарскиот занает

 Демировски има компонирано над педесетина песни, а за родниот крај ги испеа и најубавите песни што се пеат до денес. Меѓу нив покрај „Битола мој роден крај“, исто така и „Мариче ле лично девојче“, „За кого ти цути Дано лицето“, „Таму мајко ле близу Битола“, „Сношти те Маре сонував“„Денот ми наблиза на гурбет да заминам”и други.

Најпопуларната меѓу нив е неговата антологиска песна „Битола, мој роден крај“,која се пее од Кожуф до Триглав,Битолчани оваа песна ја прогласиле за песна на векот, а Демировски за почесен граѓанин на Битола во 2006 година.

Демировски своето музичко творештво го имаше посветено на Битола, иако се пресели во Турција и таму помина голем дел од својот живот.

. Демировски при последните посети на Битола засади дрво во непосредна близина на Градскиот часовник .

За Турција заминал во 1955 година. Продукциската куќа ISR од Истанбул за Демировски подготвувала документарен филм во кој во финалната фаза се снимала во Битола кога екипата била затекната од тажната вест за смртта на Демировски.Починал во Измир , Турција  на 21 октомври  2009 каде што живеел 25 години.

Стих од најпознатата песна „Битола мој роден крај“ испишан е на надгробната спомен плоча на  Демировски во Измир, Турција. Надгробниот споменик е во вид на нотна тетратка, а на него се испишани ноти од познатат песна што Ајри на живот ја напишал за својот роден крај.

Претходниот артикал,Населба ИЛИНДЕН
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН -10 Ноември

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука