Потекнува од Ѓуешево, Ќустендилско, родена околу 1829 ,починала околу 1895, во Романија.
За да избегне грабање и исламизирање, татко и рано ја омажил за Георги Шопа.
Румена се воодушевувала од ликот и подвигот на војводата Иљо Марков-Малешевски, кој со околу 170 ајдути ја нападнал кулата на Деве Баир во 1854 година. Во истрагата и одмаздата што следувала од страна на Осмалиите, меѓу другите, средсело била мачена и Румена, по што се пријавила за ајдутка, но Малешевски одбил да ја прифати.
Таа го напуштила семејството и со помош на Стојан Кркљански како барјактар, формирала своја ајдутска чета. Била страв и трепет за османлиските власти и чорбаџиите насилници на просторот од планината Осогово до Врање од 1858 до 1861. Според една од верзиите за нејзиниот животен пат, по предавството и неуспешниот обид за атентат, ја распуштила четата и со барјактарот пребегале преку реката Дунав и подоцна стапиле во брак и се населиле во Букурешт Романија, каде што и починала.
Таа израснала во убава, снажна и способна девојка, која го привлекувала вниманието на османлиските напасници. Кривопаланечкиот кајмакам, привлечен од нејзината убавина ја грабнал и ја принудувал да се потурчи, но селаните од неколку села се побуниле и се спротивставиле на османлискиот зулум. Околу четириесет селани биле уапсени како бунтовници, но, сепак на крајот заедно со Румена биле ослободени.
Во периодот од 1856 до 1860 или според други податоци од 1858 до 1861 година, Румена со својата ајдучка дружина, станала страв и трепет за османлиските власти и чорбаџиите насилници на просторот од планината Осогово до Врање. Ајдучката дружина вешто раководена од Румена и нејзиниот побратим Стојан барјактарот, заштитувајќи го македонското население, ликвидирала неколку турски арамиски чети, одделни насилници. Многу аги и богаташи, меѓу кои и христијански, биле прогонувани од Румена, за пакостите што ги правеле над сиромасите, а ги напаѓала и предавниците и соработниците со осмалиската власт. Меѓу народот таа била позната како добар војвода и закрилник и станала прочуена како „Планинска царица“.

Румена се поврзала со дел од дружината на Иљо Малешевски кој во тоа време се наоѓала во областа на Врање, додека тој со останатиот дел бил во Србија.
Обидот да се поврзат со дружината на Малешевски во околината на Врање останал неуспешен, бидејќи ајдуците на Дедо Иљо не можеле туку така да прифатат жена – ајдутин, кон која гледале со презир и омаловажување
Тоа го искористил Спасе од село Градец, еден од ајдуците на Румена, кој сакал да стане војвода. Наместо да се издвои и да формира своја дружина, под изговор дека „не прилега жена да ги води“ и дека таа го изневерила посестримството, тој наговорил неколкумина ајдути, да ги ликвидираат Румена и Стојан.
По убиството дружината под раководство на Спасе делувала неколку месеци и се распаднала, Милко и уште троца ајдути, кои се сметале за виновни за убиството на Румена и Стојан, биле одмаздени од нивниот другар Стоилко од село Трново. Тој ги убил на спиење во село Жидилово, Кривопаланечко, по што се предал на валстите. Единствено се спасил Спасе кој бил отсутен тој ден.
Убиството на Румена војвода и на бајрактарот Стојан Ковачот спаѓа меѓу првите вакви забележани убиства за време на османското владеење од поновата историја во низата на македонски жртви од македонски убијци или предавници.








































