НА ДЕНЕШЕН ДЕН -22 АВГУСТ

0
737

*22 август 1964 г. Во населба Илинден ,беше предадено во употреба новоизграденото  основно осумгодично училиште „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“.

СТАРИОТ ДОМ, ВО КОЈ СЕ ДО ПРЕД ЗЕМЈОТРЕСОТ СЕ ОДРЖУВАШЕ НАСТАВА ЗА УЧЕННИЦИТЕ ОД ИЛИНДЕН И МАРИНО

 Пред тоа  наставата се изведуваше само до четврто одделение во Стариот Дом , а во еден период и во управната зграда на 1-Мај .

За изучување до         8-мо одделение до таа година  децата кои сакаа да завршат 8-мо одд.(не беше задолжително)мораа да патуваат до Маџари,Миладиновци и Колонија –Идризово.

*22 август 1864 година Дванаесет земји ја потпишале Првата женевска конвенција. Основан е Црвениот крст.

*22 август 1941 година ,беше формиран првиот Скопски партизански одред а на 11 октомври 1941 г. беше кренато македонското востание.

И оттогаш па се до крајот на Втората светска војна илјадници Македонци гинеа за реализирање на вековната желба на македонскиот народ за формирање на македонска држава.

 *22 август 1944 г. во село Зборско, Мегленско, Егејскиот дел на Макекдонија, е формирана СЕДМАТА МАКЕДОНСКА (БИТОЛСКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА,
Тоа е воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од битолскиот партизански баталјон “Стив Наумов” од составот на Втората македонска бригада и новопристигнати борци од Битолско. По формирањето преминала во Битолско, каде што ги напаѓала позициите на бугарските сили на просторот Ресен-Битола: граничните караули на планита Кајмакчелан од 24 до 28 август 1944 г., во Преспа од 5 до 7 септември 1944 г. По капитулацијата на Бугарија, влегла во составот на Четириесет и деветтата (македонска) дивизија на НОВЈ. Во наредниот период водела непрекинати борби против германските сили на комуникацијата Ресен-Битола, учествувала во ослободувањето на населените места во Преспанско и Битолско, влегла во Битола на 4 ноември 1944 г. и учествувала во ослободувањето на Кичево и Зајас од 15 до 18 ноември 1944 г. По реорганизацијата на единиците во декември 1944 г., дел од борците влегле во состав на Осмата (македонска) дивизија на КНОЈ, а друг дел во Четириесет и втората (македонска) дивизија на Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ. Истовремено, во составот на Седмата бригада влегла Четвртата шиптарска бригада, претежно со борци од албанска националност. Од овој период во литературата е позната и како Седма македонско-албанска бригада, а некогаш како Седма албанска бригада. Со Корпусот учествувала во пробивот на Сремскиот фронт, во ослободувањето на Славонска Пожега и Загреб, а потоа во мај 1945 г. била расформирана.

*22 август 1947.- Со одлука на Владата на Народна Република Македонија во Скопје е формирано специјализирано претпријатие за производство на филмови Вардар-филм. Својата дејност претпријатието ја започна на 5 декември 1947 година.

* 22 август 1967, кога голем НЛО се појавил над скопското село Глумово. 

*22 август 1990.- Умре Александар Николовски – Џемо, долгогодишен новинар на Радио-Телевизија Скопје и на Нова Македонија, еден од основачите на Втората програма на Радио Скопје. Роден е во 1931 година.

Претходниот артикал,БОЈАН ПЕТРОВСКИ-ФУДБАЛЕР
Следната статијаРумена Ѓорѓиева Павлева-Војвода

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука