ШАР ПЛАНИНА

0
37

Најголем труд за откривање на корените за името има вложено еден од најпасионираните истражувачи на Шара, Душан Кривокапиќ. Тој има забележано дека уште и дечанскиот архимандрит Сава, вака ја има опишано овааа планина: “снежна белина, зелена трева, сивкасти камења и различни дрвја”. Францускиот патеписец и истражувач Ами Буе, името го објаснува со разновидноста на планинскиот релјеф и растителанта покривка, со што го користи името Шар, а наполно ги отфрла дотогаш користените турски имиња како “Шарлаг” и “Чардаг”.

Сепак името Шар Планина потекнува од поново време, поточно од 1840 година кога во пишаните документи покрај имињата “Скардус”, “Монте Аргентаро” се појавуваат и домашни и турски имиња: “Шар”, “Шара Планина”, “Шарта”, “Шарлаг” и “Чардаг”.
Инаку и античките Грци и Римјани ја познавале оваа планина, пр: Полибие за Шара го споменува името “Скардос”, а Ливие, “Скордие Монтис” и “Скардус”.


Јован Цвииќ објаснува дека планината се до 16 век се викала “Скардус”. Тоа име потоа се губи и се вика “Монте Аргентаро” со што во 19 век веќе се употребува името Шар Планина.

Според истражувањата на повеќе автори името “Шар” потекнува од името “Скард”, односно латинскиот збор “Скардус”.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 22 Ноември
Следната статија„РОГЛЕВИ“-Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука