ЗНАЧЕЊЕТО НА ВЕЛИГДЕНСКОТО ЦРВЕНО ЈАЈЦЕ

0
340

По Воскресението од мртвите на нашиот Господ Исус Христос, апостолите почнале да го шират Благовестието на Христовото Воскресение по сите краишта на земјата, а со нив заедно заминала и Марија Магдалена, која според сведоштвото на Светото Предание, заминала да проповеда во паганскиот Рим.

Таму таа насекаде Го проповедала Христа и Неговото учење, но кога луѓето не и верувале дека Тој воскреснал, таа им го повторувала она што им го рекла и на апостолите:

„Го видов Господа!“

Од голема ревност, го посетила и императорот Тибериј, на кому исто така му го проповедала Христовото Воскресение.

Со неа понела и едно јајце, како символ на Новиот Живот и Воскресение, и давајќи му го на императорот, му се обратила со зборовите:

„Христос воскресна!“

Тибериј ја отфрлил можноста за воскресение од мртвите, велејќи дека никој не може да воскресне од мртвите, исто како што и јајцето кое таа му го донела не може да стане црвено.

Во тој момент, јајцето станало црвено, за и тоа да сведочи за зборовите на мироносицата, и таа ги повторила зборовите на апостолите – дека верата во Воскресението Христово не е како минливото злато и сребро, туку дека скапоцената Крв Христова е како неизвалкано и чисто Јагне.

На тој начин се создала традицијата за подарување на пасхални јајца на денот на Пресветлото Воскресение Христово. Велигденското јајце го симболизира Христовото Воскресение. Тврдата лушпа на јајцето го претставува гробот на Исус, а кршењето на јајцата го симболизира воскреснувањето од мртвите. Затоа, кога некому подаруваме велигденско јајце, ние го поздравуваме со зборовите „Христос воскресна“.

Зошто јајцата треба да бидат бојадисани со црвена боја?

Црвената боја ја симболизира пролеаната крв на Исус за спасение на луѓето на земјата, а воедно претставува и победа над смртта.

Но,покрај доминантно вапцани црвени јајца, речиси во секоја куќа се вапцуваат јајца во разни бои, а секоја боја е вистински подарок за очи, секоја боја поединечно, е извор на среќа.

Така, жолтата боја значи светлина, радост; портокаловата – трпение, моќ; зелена – храброст, големина; виолетова – надеж, спокојство, а сина – здравје и ведрина.

Се претпоставува дека и симболите кои се појавуваат при вапсањето јајца имаат значење.

Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го фарбале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.

Претходниот артикал,Станка Дончевска во улога на водителка
Следната статијаМарков манастир-Скопје

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука