Сите досегашни имиња на Скопје

0
213

Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (латински: Scupi). Името на градот Скопје има различна транскрипција на различни јазици и култури.

Градот е познат како Shkupi (Шкупи) на албански, Скопље/Скоплје на српски/хрватски јазик, Scupi (Скупи) на латински, Скопье на руски, Skopie (Скопије) на ромски, Σκόπια (Скопја) на грчки, Скопје на романски јазик, Üshküp (Ускуп) на турски, итн.

Во византиските документи градот е забележан како Скопија, а Словените го означувале и како Скопие, Скопје, Скопље. За време на владеењето на цар Самоил, Скопје станува дел од Самоиловото царство. Во подоцнежниот период градот потпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазеле Османлиите и го добил името Üshküp (Ускуп)

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-11 Октомври
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН – 12 Октомври

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука