Св. Георгиј – Ѓурѓиц(Св.Ѓорѓија мрсен)

0
990
Св. Георгиј – Ѓурѓиц(Св.Ѓорѓија мрсен)
Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот цилклус празници и е поврзан со домашни служби. Востановен е во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем светител.
Празникот Св. Георгиј – Ѓурѓиц е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј – Победоносецчиј главен празник е на 6 мај според новиот односно на 23 април според стариот календар. Иако празникот Ѓурѓовден е голем пролетен празник, поврзан и со будењето на природата, во овој период на годината нема празници поврзани со домашни служби. Поради тоа во есенскиот дел од годината кога има повеќе празници поврзани со домашни служби, има и два празници поврзани со името на Св. Георгиј, кога исто така се одржуваат домашни служби. Празникот што се празнува на 16 ноември според новиот односно на 3 ноември според стариот календар е поврзан со обновувањето храмот на Св. Георгиј и е познат под името Ѓурѓиц.
Пред крајот на својот живот, кога бил во затвор Св. Георгиј побарал да го посети неговиот слуга кого го замолил по смртта неговото тело да биде пренесено во Палестина, родното место на неговата мајка. Неговиот завет бил исполнет. Царот Константин кој многу го почитувал Св. Георгиј во Лида Палестинска изградил голем храм посветен на овој светител во кој било положено и неговото тело. Во чест на обновувањето и осветувањето на храмот „Св. Георгиј” востановен е овој празник.
НАРОДНИ ВЕРУВАЊА

Според народните верувања од денес до 24 ноември, временските прилики ќе ни покажат каква ќе ни биде престојната зима.Ако деновите се магловити, зимата ќе биде променлива и магловита, но ако биде ведро – зимата ќе биде остра и со многу мраз.За време на овие денови ништо од куќата не треба да се дава.

Постои верување дека денес ништо не смее да се изнесува од дома бидејќи во спротивно цела година ќе имате расходи без приходи. Народното верување, исто така, вели дека денес не смее ниту да се преде волна, ниту да се пере. Жените не би требало да везат ниту да работат какви било рачни работи.

Денешниот ден се смета за еснафска слава на чевларите и на кројачите. Пред два века постоеле обичаи кога против уроци на денешен ден требало да се заколе црн петел или црно пиле. Исечената глава се врзувала со врвца некаде на тремот, а нејзина задача била да ги брка волците што доаѓаат зиме.
Според народното верување, зимата доаѓа со Ѓурѓиц, а заминува со Ѓурѓовден (6 мај).
Претходниот артикал,Свети Бесребреници Кузман и Дамјан ( Свети Врачи )
Следната статија Св. великомаченик Мина 

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука