Нова Година – Историјат

0
168
Цивилизациите низ целиот свет барем четири милениуми го слават почетокот на секоја нова година. Денес, повеќето прослави за Нова Година започнуваат на 31 декември (на новогодишната вечер), на последниот ден од Грегоријанскиот календар, и продолжуваат до раните часови на 1 јануари (првиот ден во Новата година)
Првите прослави на Новата година
Првите забележани прослави во чест на доаѓањето на новата година не враќаат речиси 4.000 години наназад, во стариот Вавилон. За Вавилонците, првата нова месечина по пролетната рамнодневица – денот на крајот на март со еднаков број часови сонце и мрак- кој го означува почетокот на новата година.
Првиот римски календар се состоел од 10 месеци или 304 дена, а секоја нова година започнувала со пролетната рамнодневица; според традицијата, календарот го креирал Ромул, основачот на Рим, во осмиот век пред н.е..
Кога сме кај календарите, добро е да појасниме дека денес постојат два: еден древен и еден од XVI век. Имено, веќе во средниот век, тогашните научници ја воочиле неправилноста на Јулијанскиот календар. Па така, на иницијатива на споменатиот папа, во 1576 година била формирана посебна комисија од астрономи и математичари која имала за цел да спроведе реформа на Јулијанскиот календар. таканаречениот ЈУЛИЈАНСКИ календар, кој бил изработен во 46 г. пред Христа од страна на александрискиот астроном Созиген, а на иницијатива на римскиот владетел Гај Јулиј Цезар, според кого и го добил името. Овој календар бил прифатен од страна на Црквата во IV век со извесни измени. Но, Јулијанскиот календар не е сосема точен: тој се разликува за 11 минути и 14 секунди од вистинската сончева (тропска) година. Подоцнежниот календар е ГРЕГОРИЈАНСКИОТ , изработен по указ на папата Григориј.
1 јануари станува првиот ден во Новата година
Овој календар стана примарен во католичка Европа. Потоа, од практични причини постепено почнаа да го примаат и другите народи, и денес се користи на глобално ниво.
Додека во православниот свет дел од црквите го користат стариотЈулианскиот ,а дел поновиот Грегоријанскиот календар.
Инаку према црковниот календар на МПЦ ,новата година започнува на Св. Симеон 14 септември.

 

Претходниот артикал,Ц.Звеада и Партизан 1989 г
Следната статијаНајдолгиот снег

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука