-12 апррил 2012 година на Велики Четрврток убиени се петмина лица кај Смилковското езеро. Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски, како и Борче Стефковски, 45 години, од селото Црешево.

-12 април 1945-12 април 1945.- Единиците на НОВЈ го пробија Сремскиот фронт против германските фашистички единици. Во пробивот на фронтот учествуваше и Петнаесеттиот македонски ударен корпус, кој даде многу жртви за конечното ослободување од фашистичкиот окупатор.Во оваа акција загинале многу македонски партизани , а меѓу нив загинал и

Денковски Смилев Иван од Бучинци,учесник во НОВ, роден е во 1922 година Произлегува од сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа уште како младинец работел на одржување на железничката линијакај Миладиновци. Бил насила регрутиран во бугарската војска, од која во септември 1944 година се префрлил во новоформираната единица „Гоце Делчев“. Подоцна бил распореден во составот на 3-та македонска ударна бригада, со која учествувал во повеќе борби и акции за ослободувањето на Македонија и Србија, односно во ликвидирањето на преостанатите балистички банди. Потоа, со Бригадата заминал во близината на Белград. Таму ја завршил тримесечната обука и откако ја совладал вештината во ракувањето со новодобиеното оружје и фронталното војување, зел уче-ство во пробивот на Сремскиот фронт. Како храбар борец бил истакнуван за пример во единицата. Во мугрите на 12 април ,учествувал во јуришот на непријателските позиции. Кога неговата единица стигнала пред Винковци, храбро загинал, погоден од смртоносен рафал. Бил закопан наместото каде што загинал.
–12 април 1903.- Меѓу железничката станица во Истборн и градчето Мидс, во англиската грофовија Сасекс, воведена е првата редовна автобуска линија во светот.
-12 април 1904 г.Непосредно по Илинденското Востание ,со цел да задуши нов енентуален обид на македоското ослободително движење за извојување слобода за Македонија потпишан е српско-бугарски договор за поделба на Македонија.

-12 април 1926, во Кратово,роден е Тошо Куковски- македонски партизан. Починат ?или убиен?на 26 август 1944г.

–12 април 1961.- Советскиот Сојуз го лансира во орбитата околу Земјата вселенскиот брод “Восток -1”, во кој се наоѓаше 27-годишниот астронаут Јуриј Гагарин (1934-1968) е првиот космонаут кој со ракета ја обиколил Земјата. На 12 април 1961 година во 6 часот и 8 минути по локално време се вивнал во орбитата на Земјата од космодромот Бајконур во Казахстан, а по враќањето, на 14 април, за него бил организиран масовен пречек. Гагарин загинал во авионска несреќа на 29 март 1968, седум години по големиот подвиг, при еден рутински лет со МИГ 15. Не е целосно разјаснета причината, но се претпоставува дека удрил во метеоролошки балон.
-12 април 1993.- Во Њујорк, меѓу Република Македонија и Република Грција започнаа преговорите за надминување на несогласувањата околу името на Република Македонија и за тоа кое знаме ќе може да биде истакнато пред седиштето на ООН.

12 април 1999. година за време на бомбардирањето на авионите на пржи авиони во нато го погоди патничкиот воз на мостот во grdeličkoǰ клисурата, во кој 55 патници и десетици беа повредени.
-12 април 2001 година Собранието на Република Македонија ја ратификува Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската унија.









































