
* 9-ти мај 2015 г.Во Куманово започна акцијата на македонските безбедности сили која траеше речиси непрекинато 28 часа, сè до 10-ти часот во неделата на 10 мај.Акцијата заврши откако македонските специјални сили целосно ја неутрализираа и елиминираа терористичката група, од која дел и се предадоа на македонските власти во текот на вечерта во саботата на 9-ти мај.Од страна на македонските безбедносни сили загинаа осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а беа повредени дури 37 други полицајци во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба во Куманово.Убиени беа следниве припадници на специјалните единици на македонската полиција кои останаа запамтени како херои кои животот го положија бранејќи ја татковината.Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, ТетовоНенад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, ГостиварСашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, ТетовоБобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, СкопјеГоран Илијевски (р. 1974), од ГостиварИсамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, СкопјеЉубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од СкопјеГоран Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје

* 9 мај 1937г. осветени се темелите на хидроцентралата на реката Треска ,присуствувал и преседателот на Владата СХС,Милан Стојадиновиќ.

* 9 мај 1944.- Во Прилеп, во борба против бугарскиот окупатор загинаа Кире Гавриловски – Јане и Круме Волнароски – Коља, народни херои на Југославија од Македонија. Во мај 1944 година во Прилеп Кире Гаврилоски остварил средба со Круме Волнароски и со други делегати, со цел да се создаде фронт за ослободување на Македонија. По средбата Гаврилоски и Волнароски останале во куќата, каде што бил состанокот. Бугарската полиција дознала за средбата и ја опколила куќата. По повиците да се предадат или куќата ќе биде запалена, Гаврилоски и Волнароски решиле да се борат до крај. Волнароски бил погоден на кужниот праг, но Гаврилоски не се предавал и извикувал антифашистички пароли. Куќата била запалена, а Гаврилоски низ пламените пукал кон полицијата. Последниот куршум го чувал за себе. Погинал на 9 мај 1944 година, а за народен херој на Југославија бил прогласен на 11 октомври 1951 година.Кире Гавриловски е роден во Прилеп, во 1918 година. Круме Волнароски е роден во Прилеп, во 1909 година.

* 9 мај 1945г,е ден на победата над фашизмот,ден кога капитулира фашистичка Германија.
Во април 1945 година единиците на Црвената армија стигнале пред Берлин и ја започнале операцијата за дефинитивно уништување на германскиот Вермахт. За Берлинската операција на Црвената армија биле сконцентрирани околу два милиони советски војници, а германската одбрана имала околу половина милион луѓе, но и одлично изработени фортификациски објекти

* 9 мај 1947.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик. Тоа беше операта “Кавалерија рустикана” (или “Селска чест” како што е запишано на првиот плакат) од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. Диригент беше Тодор Скаловски, режисер Бранко Поморишац, а корепетитор Петре Богданов – Кочко.
* 9 мај 1959.- Во Скопје умре Борис Бојаџиски, македонски писател, новинар и публицист. Автор е на драмите “Дадовме збор”, “Дедо Мраз и кај нас”, “Милка”, на книгите раскази “Палавото зајаче”, “Првите цутови”, како и монографијата на народниот херој Орце Николов. Роден е во Охрид, на 23 февруари 1915 година.

* 9 мај 1998.- Во Бирмингем, Велика Британија, се одржа 43 Фестивал на забавна музика во Европа – Песна на Евровизија, со учество на 23 земји (Евросонг 1998). На него, првпат учествуваше и Република Македонија. Неа ја претставуваше Владо Јаневски со песната “Не зори, зоро” на Глигор Копров. Јаневски освои 40 бодови и го освои 19 место.

*9 мај 2022 Неговата Божествена Сесветост, Патријарх Константинополски Бартоломеј на Вселенската Патријаршија, првоначална Мајка Црква на сите во светот, соопшти дека ја призна Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија под нашето древно, свето, народно, македонско, илјадагодишно име ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА!
*