НА ДЕНЕШЕН ДЕН-2 МАЈ

0
95

-2 до 7 мaj 1903година во с. Смилево се одржал Смилевскиот Конгрес.. На овој Конгрес бил ставен крај на полемиките околу прашањето за востание, имено било решено да се крене востаниево Битолскиот револуционерен округ, а со тоа и во цела Македонија и Одринско. Најголемиот број од делегатите веќе на 30 април се собрале во селото Смилево. Соселаните на Даме Груев ја сфатиле честа како и одговорноста од престојот на такво мноштво на револуционерни првенци во нивното село. Конгресот уште од првото заседание започнал со донесување на одлуки за кревање на востание. Бил избран Главен штаб за II-от Битолски револуционерен округ, а тој требало да раководи со подготовките за востанието и со самото востание.

За членови на Главниот штаб биле избрани: Даме Груев, Борис Сарафов и Атанас Лозанчев, а како нивни заменици биле избрани Георги Поп Христов, Петар Ацев и Лазар Поп Трајков. Членовите на ГШ биле избрани со јавно гласање, додека пак нивните заменици со тајно гласање. Конгресот донел и непротоколарно решение, доколку пристигнат нови сили, како Ѓорче Петров, Пере Тошев и Христо Матов, тие по автоматизам да влезат во Штабот.

2 мај 1949.- Во Струмица е формиран Народниот театар “Антон Панов”. Во театарот беше изведена првата претстава, “Бегалка” од македонскиот писател Васил Иљоски.

-2 мај 1950г. Пуштена е електрична енергија во населба Илинден(тогашно Белимбегово)Пред да се пушти низ народот се рашириле многу шпекулации –дезинформации дека струјата е штеттна ,особено за очите .

– 2 мај 1960 во Валандово,роден е Ѓорге Иванов  —претседател на Македонија, избран на претседателските избори во април 2009г. На функцијата стапи на 12 мај 2009 г. претходно професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје..

2 мај 2014.- во Битола  родена е актерката Мери Бошкова, една од доајените на македонското глумиште. Бошкова ќе остане запаметена по насловната улога во првиот македонски долгометражен филм „Фросина“ (1952), како и во првата македонска филмска комедија „Мирно Лето“ (1961). Она што најмногу ја одвојува и по што ќе се памети Бошкова е улогата на Живка во комедијата на Бранислав Нушиќ, „Госпоѓа Министерка“ која ја играше на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје. Освен во театарот, Бошкова беше активна и во радио-драмата, тв-драмите, како и на филмот. Нејзина последна улога беше во филмот на Димитрие Османли, „Ангели на отпад“. Добитничка е на најголемите признанија во нејзината богата актерска кариера: Награда 11 Октомври; Награда за најдобро актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал Стериина награда за најдобро актерско остварување на Фестивалот Стериино позорје; Награда на град Скопје 13 Ноември и други.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -1 МАЈ
Следната статијаСпасе Најдовски од Кадино, суден за нашата КАУЗА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука