Осветена новата Камбана

0
3

Денес, 5 Април 2026 година, пред голем број верници во Црква Св.Константин и Елена-Општина Илинден во населба Илинден се обави чинот на осветување на Камбаната (ѕвоното) ,што ќе се постави на новоизградената камбанерија.
Осветувањето го обави Владиката на Дељадровска-Илинденска Епархија, Господин Јоаким во сослужение на црковното старешинство од истоимениот храм.


Симболика на црковните Камбани има длабока духовна и симболична улога во христијанството, особено во Православие.
Нејзиниот звук не е само практичен, туку носи богата порака
– Повик кон молитва и богослужба, тоа е „гласот на Црквата“ што ги собира луѓето.
-Присуство на Божјата благодат, се верува дека звукот осветува простор, внесува мир и го потсетува човекот на Божјото присуство.
-Прогонување на злото, во народната и црковна традиција, ѕвонењето има и апотропејска улога – да ги оттурне злите сили, несреќите и стравовите.
– Објавување на различни начини со посебно ѕвонење што означуваат различни настани.
-Звукот на камбаната симболично „го буди“ човекот од духовна успиеност и го повикува на покајание и вера.

Претходниот артикал,Доградба на училиштето Гоце Делчев
Следната статијаПоставена камбаната

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука