* 28 март 2001г. кај селото Рамно, Танушевци, загинува капетанот Љупчо Мирчовски (†36) при налет на нагазна мина.
* 28 март 1930.- Најголемите турски градови Константинопол и Ангора биле преименувани во Истанбул и Анкара.
* 28 март 1996 Република
Македонија и Република Никарагва воспоставија дипломатски односи на
амбасадорско ниво.
* 28 март 1996 Во Скопје започна со работа Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, прв пазар на капитал во Република Македонија.
* 28 март 2000,починал Властимир Николовски , eден од најплодните македонски автори на XX век. Создал околу 140 творби: за најразлични состави. Особено маркантни се неговите вокално-инструментални композиции (ораториуми, кантати) и неговите оркестарски дела. Сепак, највисоките творечки дострели ги остварил на полето на хорската музика и во делата во кои доминира човечкиот глас. Во целото свое творештво Николовски се инспирирал од фолклорот. Неговото композиторско кредо е дека треба да се одбегнуваат радикалните постапки на музичката авангарда од XX век, бидејќи тие се само израз на творечката немоќ и стерилност. Токму затоа неговиот музички јазик е умерен, експресивен, со потпирање на духовното и фолклорното поднебје на Македонија. Се занимавал и со публицистика. Напишал над 30 статии во кои обработува проблеми главно сврзани со македонското музичко творештво. Во текот на својот богат живот извршувал многу важни стручни и општествени задолженија (директор на Операта, декан на ФМУ, претседател на СОКОМ итн.). Избран е (1981) за редовен член на МАНУ.
* 28 март 2015.- По долго боледување, починал македонскиот писател Иван Василевски од Струмица. Роден бил во селото Босилово, Струмичко, во 1947 година. Работел како новинар во Македонското радио и во Македонската информативна агенција. Беше член на ДПМ. Автор е на книгите: „Привев во тишината“, „Црнорисци“, „Куќа на ѕвездите“, „Заточени души“, „Утки“, „Наташа“, „Поеми за тишината“, „Потомците на Чрт“ и „Одмеѓување на светот“. Автор е на романот „Антон Хлебец“, на драмата „Лоза“ и на повеќе монографски и медијавистички изданија. Добитник бил на високи книжевни признанија, меѓу кои и на „Ацо Шопов“, „Григор Прличев“ и на наградата „Дијалог.
* 28 март 2014 година починал Гавро Пановски-Јуноша, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Бил роден на 6 јуни 1923 година, во село Раково, Егејски дел на Македонија. Зимата 1942 и 1943 г. бил на партиска работа во Егејскиот дел на Македонија, а пролетта 1943 г. се вклучил во Партизанскиот одред „Вичо“ на грчката народноослободителна војска ЕЛАС. Заедно со тамошните македонски и грчки партизани учестувал во борбите против бугарските контрачети и грчките националистички и квинслишки воени формации во Леринско и Костурско. Од мај 1943 г. се наоѓал во Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“, а од таму набрзо бил земен за курир на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанскиоте одреди на Македонија (НОВ и ПОМ). Учествувал во завршните операции за ослободување на Македонија. Бил носител на низа признанија, меѓу кои и Партизанска споменица 1941 и Орден за храброст.