Завршна приредба, на 9-та генерација дечиња од градинката „ГоцеДелчев“
Денес пред голем број на родители и гости се одржа завршна приредба на дечињата од големите групи на градинката „Гоце Делчев“,. Со песна и игра идните првоодделенци се поздравија со своите воспитувачки и негувателки. Со ова свечено беше испратена 9-та генерација дечиња од постоењето на градинката. Со своите прекрасни изведби дечињата на присутните родители и гости им приредија вистинско пријатно изненадување, за што беа наградени со бурни аплаузи.
Наредната учебна година 102 дечиња од градинката ќе седнат во училишните клупи.






































