Фотографија и текст за земјоделското стопанство 1 Мај

0
297


Во 1954 година во тогашно Белимбегово-денес Илинден, било формирано посебно Земјоделско стопанство под името “1-ви Мај”. Во составот на стопанството влегол најголемиот дел од имотот на поранешните селски задруги од Илинден и околните села. Прв директор на Стопанството бил Киро Несторовски, а во него биле вработени околу триесетмина лица од Илинден и околни села.
Делокругот на работа на новоформираното Стопанство бил градинарството, земјоделството и сточарството. Во почетокот земјата се орала со коњи, а подоцна со трактори. Највеќе се одгледувало пченица и јачмен, а подоцна се започнало и со сеење на ориз во месноста викана “Чукур”. Оризот се сеел од 1955 до 1960 година,а со оглед на тоа што за негово производство била поребна многубројна работна сила , во Илинден биле дојдени на времено вработување многу девојки од Косово и Метохија од околината на Витина и најголемиот број од нив и тука се омажиа . Се одгледувале и градинарски производи зелка ,пипер ,бостан ,а особено патлиџани .
Првите трактори Стопанството ги купило во 1956 година. Во наредните години се набавиле вршалки и повеќе запрежни коли, потоа еден камион марка “Прага” и еден автобус за превоз на вработените од и кон Скопје. Во 1958 година била изградена управната зграда(која постои и денес) во која се сместил целиот административен и раководен персонал.
Покрај со земјоделство, Стопанството се занимавало и со одгледување на крави и коњи. Најпрво била изградена фарма за крави, како и штали за коњи. Вкупно се одгледувале околу 150 крави. Собраното млеко се носело во конзумната млекара во Маџари каде што се произведувале разни видови млечни производи, кои се пласирале на пазарот во Скопје. 

Претходниот артикал,Првомајско празнување во минатото
Следната статијаИлина Соколовска – се пласира во Големото Финале

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука