СЛАВСКИ КОЛАЧ

0
170

СЛАВСКИ КОЛАЧ

Според древната и воспоставената практика на нашата црква, пред неколку дена од славата свештеникот ја осветува водата во  домовите кои слават.

Од оваа осветена вода сите од семејството треба по малку да пивнат од истата ,а останатиот дел од неа треба да се искористи за славскиот колач

Колачот се спрема ден пред денот на славата во кој се става малку од осветената вода ,припремениот колач се украсува  со со помали парчиња од тесто, особено централниот дел во кој треба да се најде украс за Исус Христос .

Славскиот колач воглавно го симболизира Исус ,кој означува живот ,а виното со кое се посипува колачот ја означува Христова крв, која истечувала од неговите рани.

Се верува дека  со посипување на виното врз колачот  дека тој што го принесува колачот се чисти и од сторените гравови.

Од колачот најпрво сите членови од семејството ,а од истиот се послужуваат и сите гости.

Во разни села се применуваат разни обичаи некаде истиот се сече-крши во очи на заслугот ,некаде на самиот ден,некаде свештеникот оди по домовите да го обави тој чин ,а некаде тие што слават ги носат колачите во црква,како што е во прилогов во Бучинци.

Претходниот артикал,Црвен брег над Бучинци
Следната статијаВЕРУВАЊЕ  ЗА ПОЛЕСНО ПРООДУВАЊЕ НА ДЕЦАТА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука