Атлетиката во нашата општина Илинден која веќе 7 години е број 1 во атлетиката во Македонија, секако во оваа прилика за вака високото реноме има нашата жива атлетска легенда Игор Јакимовски основач на атлетската школа MC RUNNING TEAM

Оваа сезона е уште подоминантна со блесокот на новите атлетски ѕвезди – Мартин Трајановски од Мралино и Никола Илиевски од Марино. Од претходната сезона и двајцата се членови на атлетскиот клуб ДЕЛТА во кој членуваат и останатите наши докажани атлетичари кои се дел од MC RUNNING TEAM_от кој го предводи нашата спортска легенда Игор МС.

Мартин Трајановски оваа сезона има огромен напредок во своите резултати и веќе се наметна во Топ 10 на национално ниво според вредноста на постигнатите резултати.
Тој постави лични рекорди на 10 км – 35 минути и 17 секундина националното првенство на 10000м, додека во дисциплината полумаратон ја сруши границата од 80 минути и со резултат од 01.19.15 успеа да издвојува победа на Кавадаречкиот полумаратон кој се одржа на 20.03.2022.**3
Исто така тој ја потврди својата класа со освоеното 4_то место на националното првенство во планинско трчање каде со својот тим од АК Делта успеа да стане државен шампион во екипна конкуренција за сезона 2022.

На уличната трка во Кочани успеа да го освои 3_то место и да се искачи на подиумот. Неговиот фантастичен старт на оваа сезона, издвојувана победа, пиедестали, лични рекорди и огромниот напредок во резултатите не помина незабележано кај спортската атлетска јавност која го смета за едно од главните и пријатни изненадувања во кралицата на спортовите за оваа сезона.
Мартин продолжува да работи под тренерската палка на Игор МС и од него очекуваме нови пријатни резултатски изненадувања.
Никола Илиевски е докажан и познат атлетичар во Македонија во дисциплините трејл и планинско трчање.По неколкуте истрчани контролни тренинзи и трки на пат и атлетска патека тој го покажа својот талент и во другите дисциплини на кралицата на спортовите.
Се зачлени веднаш во АК Делта и се стекна со право да се натпреварува рамо до рамо со македонската елита.

Неговиот блесок го најави уште минатата година на Скопскиот маратон кога истрча фантастичен резултат и личен рекорд од 02.47.09 за високото 9_то место во генерален пласман.
Со тоа тој го најави својот поход за оваа сезона каде блесна на улична трка од 10 км (Средно Водно – С.Нерези – Средно Водно) на која издвојуваше убедлива и доминантна победа пред својата конкуренција.
На државното првенство во планинско трчање го освои високото 3_то место на кое се стекна со статусот државен репрезентативец со право на настап на балканското првенство во планинско трчање за оваа сезона.
Оваа сезона од него очекуваме резултатска бомба во дисциплината маратон каде се очекува да ја спушти границата од 02.40.00.Припремил @Igor Jakimovski