Вчера со симболично закројување на лозовите насади и избор на најквалитетни вина беше одбележан пазникот Св. Тифун во населено место Ајватовци.
Покрај закројувањето и оваа година по шести пат се изврши избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин.
Изборот го извршиа членовите на „Винско витештво“ од Македонија – здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура, а на овој своевиден саем на виното учествуваа десетина винопроизводители од Општина Илинден.
Оддесетината учесници стручното жири од „Винско витештво “ како најквалитетни ги избра вината на:
1.Слободан Јовановски
2. Страшо Ангеловски
3. Љубе Стојмановски