Ракометната екипа при ООУ „Гоце Делчев“

0
691

*Ракометната екипа при ООУ „Гоце Делчев“,најуспешна во Градот.

Ученичките ракометните натпреварувања се во организација на федерацијата на училишниот спорт на Македонија,а   се одржува секоја година , се организираат преку општински зонски и градски лига натпревари.

Ракометната екипа на ООУ Гоце Делчев –населба Илинден ,под менторство на Проф.Благоја Митровски оваа година го освои првото место на Град Скопје.

Освоеното прво место на нашите млади ракометари им го трасира патот за учество на државните натпревари.

Инаку на овие натпреварувања,  училишната екипа при ООУ Гоце Делчев досега прваци на  Град Скопје беа во  2013,2016 и 2017година .

Најголем успех постигнаа во 2013 година кога беа државни прваци.

За континуирани добри резултати  и водење на екипата овие години, Проф. Благоја Митровски во 2016 година се здоби со 13-та ноемвриската награда на Град Скопје.

Претходниот артикал,Чудотворен камен во Скопска Црна Гора исполнува желби?!
Следната статијаАтлетика

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука