Атлетика

0
492
Петре Завировски

Завировски по единаесет месеци се враќа
Младиот атлетичар на Атлетскиот клуб Вардар и повремен македонски репрезентативец, Петре Завировски повторно на патеката. Тој овој викенд, поточно во сабота на 6-ти април со почеток во 08:30 часот ќе настапи на полумаратонската трка “Трчаме кон целта”.

Црвено-црниот атлтичар ќе настапи на штафетниот полумаратон 3х 7км. Во неговиот тим ќе настапат уште двајца момци, станува збор за Момчило Ристовски и Јованче Цаневски. Стартот на трката ќе биде на кејот на реката Вардар под мостот Близнак во Ново Лисиче.
Маратонецот беше надвор од патеката од мај месец, минатата година кога настапуваше на Скопскиот маратон. На истиот заработи тешка повреда, а потоа имаше компликации во процесот на рехабилитација. Завировски пред настапот во сабота кратко ни изјави- “Во поразот не смее да се изгуби срцето”.http://vardarfans.mk/

Претходниот артикал,Ракометната екипа при ООУ „Гоце Делчев“
Следната статијаСКОПСКА КОТЛИНА, НЕКОГАШ БИЛА ГОЛЕМО ЕЗЕРО.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука