Братучедите се луѓето во нашиот живот кои ни стануваат добри пријатели, а кои не ги бираме како останатите пријатели. Со нив, уште од детството се смееме многу, уживавме и го славиме животот.
Нѐ зближуваат нашите родители кога сме мали, а потоа самите се смееме на истите шеги, ги правиме заедничките глупости и ги чуваме своите тајни. Тие се повеќе од роднини за нас.
Создаваме заеднички спомени
Со нив сме од детството. Учиме, растеме, паѓаме, се лутиме и се караме. Нѐ има на заеднички смешни фотографии на кои се смееме целиот живот.
Тука се секогаш за нас
Често, повеќе би им се јавиле ним отколку на нашите најдобри пријатели. Знаеме дека не ни мислат лошо, дека би нѐ разбрале и би ни помогнале во секој момент. И, не само тоа – вешто би ја сочувале тајната, а потоа би нѐ заведале за неволјата во која сме западнале.
Тие се тука со нас во најважните денови од нашиот живот
Свадби, родендени, крштевки,матурски… тие мораат да се тука на секој важен настан, но и уживаат во тоа, поради тоа што така заеднички се креираат спомените и за нив се зборува доолгоо, долго.
Нѐ прифаќаат кога ни е најлошо
Без оглед дали сме раскинале, сме се напиле, или едноставно не сме расположени – тие се тука за нас. Тие не ги бираат само убавите денови или пак нашите најдобри верзии. Нѐ знаат и нѐ сакаат во секое издание.
Во текот на животот сите имаме пријатели , но незаборавајте пријателите се менлива категорија, додека братучедите секогаш се братучеди, крвта вода не бива,оваа вредност треба да се чува и негува.https://kurir.mk/.







































