*25 август 2018 почина популарниот актер Ванчо Петрушевски почина на 67- годишна возраст. Петрушевски е роден во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ.Во матичниот Драмски театар се пензионираше во 2016 година, но беше активен на сцената и последниве години. Меѓу неговите последни улоги е во претставата „Буре барут“ во режија на Сашо Миленковски.Петрушевски е познат по улогите во голем број на ТВ- емисии, радио драми, филмови, претстави, какo: Македонски народни приказни, „Хихирику“, „Ангели на отпад“, „Трст виа Скопје“, „Среќна Нова ‘ 49“, „Трето доба“, „Диво месо“, „Грев или Шприцер“, „Солунски патрдии“, „Опстанок“, „Пресуда“.Петрушевски во богатата кариера ги има добиено наградите: „Димче Трајковски“ за епизодна улога на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски, најпопуларно ТВ лице според веснокот „Вечер“ за 1987 година, награда за најдобро актерско остварување на филмот и телевизијата според анкета на ревијата „Екран“, награда на „Војдан Чернодрински“ за улогата на Јанко во „Собирен центар“ од Ковачевиќ, како и државната награда „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста во 2016 година.
*25 август 2015.- Наставно-научниот совет на Универзитетот за аудиовизуелни уметности го прогласи Мето Јовановски, легендарното име на македонскиот театар и филм, за Doctor Honoris Causa поради неговиот уметнички опус, големиот број на национални и интернационални признанија, кои го издигнуваат на врвот на македонската култура. Мето Јовановски ќе се вбројува во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран и други.
*25 август 1897.- Во атарот на селото Дедино, Радовишко, раководителот на револуционерната организација од Радовиш, учителот Тодор Станков, заедно со селската полиција убија двајца Турци колџии, а главаторот на колџиите, злогласниот Агато, ранет успеал да избега и да ги извести властите. Уште истиот ден Дедино беше блокирано од Турците, а селаните беа подложени на мачење. Притоа, во селото беше откриено оружје и муниција, а беа затворени 123 селани од Дедино и четворица од селото Ињево и однесени во скопскиот затвор „Куршумли-ан“, каде што беа испитувани и осудени заедно со затворениците од „Виничката афера“.Овој настане познат како„Дединска афера“
*25 август 1903.- Во градчето Невеска, нахиски (општински) центар во Леринска околија, здружените лерински и костурски востаници со силен налет го разбија османлискиот гарнизон од 250 војници и го ослободија градчето. Притоа, тие ја уништија телефонската станица, го истакнаа востаничкото знаме и запленија 40 мазуерови пушки. Истиот ден во Невеска беше воспоставена народна управа. Меѓутоа, по неколку денови градчето беше реокупирано од османлиската власт. Ослободувањето на Невеска е еден од најзначајните настани во времето на Илинденското востание.
*25 август1934г. во с.Долно Количани за првпат женските муслимански деца почнаа да се школуваат.
*25 август 1936.- Во Штип е роден Михаил Ренџов – македонски поет, прозаист и преведувач. Завршил Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија. Дел од неговото обемно поетско творештво се и книгите „Иселеник на огинот“, „Страв“, „Полноќ“, „Аутодафе“, „Вечната.Бесконечната“, „Јас оксиморон“, „Псалми“, „Издишки“, „Јас. Елегии“, како и книгата раскази „Раскази за Захариј“. За своето поетско дело е носител на врвни македонски и меѓународни книжевни награди – „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“ , „Григор Прличев“, „Grand prix international – Romania“, „Златно перо“, Македонска номинација за наградата Балканика, „ Рациново признание“, и наградата за поема „Григор Прличев
*25 август 1938 Неда Лозановска — македонски поет..
*25 август 1944 Во селото Шешково, кавадаречко, е формирана првата македонска дивизија на НОВЈ, во чиј состав влегоа II, IX и X македонска бригада.Командант на бригадата бше Тихомир Милошевски ,а политички комесар Наум Наумовски -Борче.
* 25 август 1944, планина Кајмакчалан загина Нахмијас, Мордехај Мордо-Лазо, – припадник на македонското националноослободително движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Евреин по националност. Бил во раководството на работничката еврејска младинска организација во Битола од 1934 г. Пред војната одреден период живеел и работел во Белград, а по окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија во април 1941 г. се вратил во Битола. Неговата куќа уште во тој период служела како еден од најважните илегални престојувалишта на партиските работници во градот. Во 1941 г. станал член на КПЈ во Македонија. Во 1942 г. станал борец во Битолско-преспанскиот партизански одред “Даме Груев”. Подоцна станал командант на баталјон во Првата македонска бригада, а загинал како заменик командант на баталјон во Седмата македонска бригада во борбите на Кајмакчалан против бугарски војници од граничната караула.
*25 август 1961 Драган Илиевски — македонски писател
*25 август 1993.- Во Скопје умре Насте Стојковски, директор на НИО „Студентски збор“, општествено-политички работник и новинар. Роден е во селото Мраморец, Охридско, на 10 јули 1932 година.
*25 август 1994.- Во Струга, ноќта на 25 спроти 26 август, умре Владимир Петрович Бурич, светски познатиот руски поет и мислител, учесник на Струшките вечери на поезијата. Роден е во Харков, Украина, во 1932 година.
*25 август 1995.- Штип го зафати катастрофално невреме проследено со дожд и со град, При што четири лица го загубиа животот од удар на гром
*25 август 2013.- По кратко боледување почина долгогодишниот спортски (ракометен) работник Ефтим Џигероски, роден во 1947 година во Струга. Ефтим Џигероски со години беше тренер на сениорската екипа на Струга. Целиот свој живот го посвети во работа со млади категории.