На денешен ден во 1428 година урнат Виргинскиот Манастир

0
389

Виргински манастир,урнат до темел на 27 април 1428 година.

Пред девет века на Виргино брдо, над реката Серава, спроти средновековно Скопје, или Калето како што денес се нарекува тој простор, бил изграден најголемиот и најбогат  манастир во овој дел на Македонија. Манастирот  бил посветен на  Свети Ѓорѓи Скороподвижник,  а бил подигнат во времето на цар Самуил. Секој нареден владетел на овој дел од Македонија потоа  му ги потврдувал  привилегиите и имотите. Така, кога  во 1040 година македонските востаници го зазеле градот Скопје, нивниот водач Петар Делјан ги потврдил овластувањата на Виргинскиот манастир, кои биле определени од императорот Роман Трети Аргир, ктитор на манастирот. За жал, по околу 400 години, и по огромнниот углед меѓу христијанското население, на 27 април 1428 година, во времето на Мурат-бег, османлиите го разурнале манастирот, а осум години подоцна, токму врз  неговите темели, била изградена Султан-Муратовата џамија

Виргинскиот манастир бил еден од најзнајните во тој поглед на територијата на цела Македонија.

– Економската благосостојба на овој манастир придонела тој да располага со бројно монаштво, а во неговото братство се наоѓале грамотни и високопросветени монаси, со чија дејност манастирот прераснал во голем духовен и скрипторски центар на Балканот. Манастирот располагал со богата библиотека од ракописни книги, но и даровни грамоти на многу владетели

 Документите потврдуваат дека Виргинскиот манастир бил значаен духовен центар во Скопската епархија, а владетелите  инсистирале токму таму да се препишуваат даровните грамоти.

Прекрасната локација каде што бил изграден манастирот веројатно била една од причините Турците да го урнат целиот комплекс штом стапнале во Македонија, а веднаш потоа на негово место да изградат џамија посветена на тогашниот султан Мурат. Џамијата која и денес постои најверојатно  врз темелите на црквата на Виргинскиот манастир сé уште е најголема џамија во Скопје.

 Претворањето на манастирот во џамија во 1428–та година ја замрела богатата книжевна дејност на овој културен и духовен центар на Македонија.

Според она што досега се знае за Виргинскиот манастир може да се потврди дека станува збор за многу значаен македонски духовен центар, за кој свои даровни грамоти потпишале повеќемина тогашни цареви, кралеви и други владетели. И денес може да се види дека просторот каде што бил подигнат манастирот е исклучително убав, затоа што оттаму се пружа глетка кон сите страни на скопската котлина.

По уривањето на целиот манастирски комплекс и подигнувањето на џамијата на негово место, во дворот на џамијата била изградена и импозантна саат-кула, со часовници кои можеле да се видат од сите четири страни на Виргино брдо.

–  Според грамотата на  крал Милутин може да се констатира дека овој српски освојувач манастирот го затекнал во многу лоша состојба, па веднаш по освојувањето на Скопје наредил негово обновување.  Паралелно со тоа извршил и реорганизација на манастирот со цел да го претвори во репрезентативен духовен и културен центар на својата нова престолнина. 

За жал, неговите наследници, кои исто така како освојувачи владееле со овој дел на Македонија, го ослабнале  кралскиот статус на манастирот, па кон крајот на 14-век Виргинскиот манастир станал метох на Светогорскиот манастир Хиландар, и служел како преноќиште на хиландарските монаси кои доаѓале во Скопје„на ден 27 април 1428 година.

Претходниот артикал,Стефан Додевски-Продуцент на електонска музика
Следната статијаГенерација на завршени осмооделенци,1959 г.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука