* 17 ноември е Меѓународен ден на предвреме родените деца.
* 17 ноември 1996.- Во Република Македонија се одржаа првите локални избори по осамостојувањето на земјата – за градоначалници и за совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на Град Скопје.Како ново основана општина „Илинден“ ,на тие избори за за прв пат се одржаа локални избори,за избор на Градоначалник и членови на општинскиот Совет.За Градоначакник на општината во првиот круг не беше избран никој од трите кандидати поради неисполнет цензуз,па гласањето беше повторено за 14 дена и во вториот круг беше избран Чедомир Ристовски од населба Илинден.
Oд Илинден во Советот на општината беа избрани:Љупчо Ангеловски,Зоран Тушевски,Раде Спасовски,Славе Георгиевски и Стевче Аврамовски.
Од Марино во Советот на општината беа избрани: Благоја Атанасовски и Перица Бошковски.
Од Ајватовци во Советот на општината беше избран Љупчо Димитреиевски.
Од Бунарџик во Советот на општината беше избран Трајче Христовски.
Од Кадино во Советот на општината беа избрани: Звонко Најдовски,Цветан Најдовски,Гоце Филиповски,Коле Филиповски.
Од Мралино во Советот на општината беше избран беше Никола Цветковски.
Од Миладиновци во Советот на општината избран беше Цветко Симоновски.
Од Мршевци во Советот на општината беа избрани: Власто Ѓорѓиевски и Владица Медаревиќ.
На конститутивната седница на Советот на 16 декемвриистата година ,За Претседател на Советот беше избран Раде Спасовски , а за Секретар на Советот на општината беше избран Миле Стојановски, а по негово заминување,беше избарана Гордана Стојкоска.
* 17 ноември 1869.- Свечено е отворен Суецкиот Канал, најголем поморски канал, што се наоѓа во североисточниот дел на Египет, по должина на западната граница на Синајскиот Полуостров и ги разделува азискиот и африканскиот континент. Каналот е долг 161 км, на површината е широк 190 м, длабок од 12,8 до 16,2 м и ги поврзува Средоземното и Црвеното Море. Под раководство на Французинот Фердинанд Лесепс, а според проектот на австрискиот инженер Алоја Нагрели, каналот е копан цели десет години, почнувајќи од 1859 година. Вкупните трошоци за изградбата изнесуваа над 423 милиони тогашни франци, а исклучително тешките услови за работа однесоа речиси 20.000 човечки животи
* 17 ноември 1913.- Првите бродови минаа низ Панамскиот Канал. По должина од 82 километри, каналот беше отворен во 1914 година.
* 17 ноември 1945.- Во месноста Шеова, кај селото Баровица, на Пајак Планина, во нерамна борба против еден одред од 29 грчки монархофашисти загинаа деветмина родољуби на македонската ослободителна организација НОФ и борци против окупаторот.
* 17 ноември 1947.- Пуштена е во употреба железничката пруга Шамац – Сараево, долга 242 километри, во чија изградба учествуваа младински работни бригади од цела Југославија.
* 17 ноември 1971.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар е изведена првата опера на македонскиот композитор Трајко Прокопиев – „Разделба“, напишана според драмата „Печалбари“ од македонскиот писател Антон Панов. По диригенство на авторот, а во режија на Васил Ќортошев, во главните улоги настапија Георги Божиков, Евдокија Доброхотова, Анастасија Димитрова, Ана Липша – Тофовиќ и Никола Гаго
* 17 ноември 1991.- Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на суверена и самостојна Република Македонија. На 16 ноември 2001 година, Собранието на Република Македонија ги прогласи 15-те амандмани за промена на Уставот на Република Македонија, иницирани од Рамковниот охридски договор.
*17 Ноември 2008 – Поради попречувањето на приемот во НАТО, Македонија покрена тужба против Грција за прекршување на Привремената спогодба од 1995.
* 17 ноември 2014.– По долго боледување Скопје почина писателот Александар Ежов. Припадник е на генерацијата критичари која во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век остави силен печат во книжевниот живот, посебно на страниците на литературната периодика. Александар Ежов во тие години, познати како период на македонската книжевна конфронтација, беше уредник во издавачката куќа „Македонска книга“ и на списанието „Современост“. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1958 година. Александар Ежов е роден 1928 година во Прилеп.