Стефан Додевски-Продуцент на електонска музика

0
751

2019 година:Втора година по ред македонскиот продуцент Стефан Додевски (Stephan Dodevsky) се најде на врвотна домашната електронска сцена согласно официјалните податоци одплатформата 1001trackstats. Имено, изданијата на Стефан во тековниот период на мерење на податоците од 01.10.2018 до 30.09.2019 година доби поддршка со 52 поени, односно се најде во плејлистата на 60 различни сетови во продукција на интернационални ДЈи.

Дел од артистите кои го поддржаа Стефан во тековниот период се и светскиот ДЈ број 7 Дон Диабло(Don Diablo), француската легенда Жоаким Гаро (Joachim Garraud), добро познатото италијанското дуо Промис Ленд (Promise Land) и многу други. Целосната листа на поддршка е достапна на 1001tracklistsна следниот линк.

Од страна на 1001tracklists беше објавена и листата на Топ 101 продуцент на електронска музика во 2019 година, на кој за првпат на врвот се најде светскиот супер стар ДЈ Дејвид Гета (David Guetta), додека пак на второтo и третото место се најдоа Тиесто (Tiesto) и Скрилекс (Skrillex).

Во претстојниот период од Стефан го очекуваме новото издание за издавачката куќа „Бај нау рекордс“ (Buy Now Records), кое ќе биде официјално објавено на 25 октомври. Додека пак за сите за останати новости можете да го следите Стефан на неговите профили на Facebook, InstagramиSoundCloud.

Музиката на Stephan Dodevsky е поддржана од светски познатиот ДЈ Don Diablo

ВО 2018 година:Eден од најталентираните македонски продуценти на електронска музикаStephan Dodevsky (Стефан Додевски), се најде во плејлистата на последната епизода од Hexagon Radio, кое е во продукција на светски познатиот ДЈ Don Diablo. Don Diablo се наоѓа на 7-мо место на светската листа за најдобри ДЈи на DJ Magза изминатата година, а исто така тој е и најдобар продуцент во светот според официјалната листа на tracklists1001.

Последната епизода од Hexagon Radio кое го слушаат повеќе милиони луѓе секоја недела,е достапна на следниот линк, каде можете да го преслушате изданието на Stephan Dodevsky, кое е насловено „Party Bombs“.

Ова не е прв голем успех на нашиот продуцент кој веќе имаше големи достигнувања на електронската сцена изминатата година. Имено, неговите изданија за италијанската издавачка куќа Total Freedom Recordings во два наврати се најдоа на топ 100 листата на Beatport. Исто така музиката на Stephan Dodevskyбеше поддржана и од голем број на други познати ДЈи, однсно Yves V, TUJAMO, Danny Avila, Joachim Garraud и други.

Доколку сакате да бидете во тек со сите новости за продукцијата на Стефан, можете да го следните на Facebook, InstagramиSoundCloud.

Населба Илинден , на Стефан му посакува успешни музичко-продуцентски достигнувања.

Претходниот артикал,ВЕЛИКИ ПЕТОК
Следната статијаНа денешен ден во 1428 година урнат Виргинскиот Манастир

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука