0
124
  • НА ДЕНЕШЕН ДЕН .

-30 април 1996г.Поднесена е ургенција на  претходно поднесеното барање за формирање на нова општина со назив „ИЛИНДЕН“, со седиште во населба Илинден. Барањето го поднесоа: МеснитеЗаедници:Илинден, Марино, Kадино, Мралино, Миладиновци, Мршевци, Дељадровц, и Бунарџик .

Барањето за формирање на општина Илинден беше поднесено на 15 јануари 1996 г.,а со оглед на тоа долго време истото барање не беше разгледувано , а времето за новатаа територијална поделба се ближеше, се поднесе оваа ургенција.

Ургенција беше поднесена едногласно од сите Месни Заедници ,како и претходното барање, со кое се бараше формирањето на општина Илинден .

Но,под политички притисок  од тогашното највисоко раководство на општина Гази Баба и некои Пратеници од тогашниот Парламентарен состав од 23- 26 Јуни 1996г. сите Месни   Заедници одржаа седници на Советите на МЗ , со единствена цел да се отстапи од барањето за формирање на општина Илинден.

По ова големиот дел од  Месните Заедници се откажаа или го условија барањето за формирање на општина Илинден .

Доследни до крај и не подлегнаа на притисокот единствено останаа, Месните Заедници Илинден и Марино,кои со својата зголемена активност и со помош на поедини Пратеници  успееја во тоа барање да го изведат до крај, односно до формирањето на новоформираната општина Илинден кое се случи во септември 1996г.

Претходниот артикал,ТРЕТ ДЕН ВЕЛИГДЕН„ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ“
Следната статијаДали знаете дека ?

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука