*30 август 1903 година на Ат Пазар во Битола е обесен Александар Турунџев (1872 -1905) — македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација учесник во Илинденското востание. Кон крајот на 1904 година, во селото Ајтос, Леринско, бил предаден од шпионотМитре Гинков за 150 жолтици. Бил заробен и одведен во битолскиот истражен затвор.Таму бил подложен на големи измачувања и држан цела година. Турскиот суд во Битола на 29 август 1905 година го осудил на смрт, а казната била извршена со јавно бесење на битолскиотАт-пазар, на 30 август 1905 година. Турунџев со пранги на рацете и нозете најпрво бил изложен на плоштадот во Битола. Поворката тргнала од Саат-кулата, крај Безистенот, реката Драгор, па сè до Ат-пазар. Турунџев бил сместен на запрежна кола, а напред одел телал кој ја читал веста дека ќе биде егзекутиран. Кон поворката се приклучиле над 3000 битолчани. Збунетиот поп пред егезкуцијата го прашал: „Кои се твоите последни зборови?“Тогаш Александар се поткачил на некаков кош, го фатил јажето, ги подигнал очите кон небото и извикал: „Македонија ќе биде слободна!“ По извикот, сам го ставил јажето на својот врат и се обесил.

*30 август1990.- Во селото Радишани, Скопско, се поставени и осветени темелите на манастирот “Свети Наум Охридски”.
*30 август 1993.- На заседанието на Постојаната конференција на локалните и регионалните власти при Советот на Европа одржана во Стокхолм (Шведска), донесена е одлука за прием на Заедницата на општините и градовите на Република Македонија.
*30 август 1994.- Во Скопје е отворен јапонскиот информативен центар.
*30 август1994.- Во Скопје умре Бранко Костовски, македонски ликовен уметник и долгогодишен сценограф во Македонскиот народен театар. Роден е во Скопје во 1924 година

*30 август 2013.- Во Скопје почина проф. д-р Цветанка Најчевска (1931-2013), редовен професор во пензија на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Професор Најчевска работеше во областа на генетиката, семепроизводството и експерименталната статистика на додипломски и постдипломски студии. Беше ментор на многубројни магистерски и докторски дисертации. Исто така беше визитинг професор на универзитетот „Ломоносов“ во Москва
*30 август 2013.- На 74 години почина ирскиот поет, драмски писател, преведувач и нобеловец Шејмас Хини, кој во 2001 година го доби „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата. Шејмас Хини е роден во Мосбон, Северна Ирска, во 1939 година. Добитник е на голем број меѓународни награди, меѓу кои и на Нобеловата за литература во 1995 Во 2002 година ја објави книгата „Експериментална статистика: применета во земјоделските и биолошките истражувања“, а во 2011 година во коавторство со проф. д-р Цане Стојковски „Терминолошки речник: генетика, селекција, семепроизводство, биометрика
*30 август 2016.– На 83-годишна возраст во Скопје почина Антон Роп, првиот декан на Факултетот за безбедност во Скопје. Тој активно учествувал во формирањето на криминалистичките лаборатории, Одделението за дактилоскопска идентификација и Криминалистичкиот музеј при МВР. Роп бил избран за прв декан на тогаш формираниот Факултет за безбедност во Скопје. Автор е на повеќе трудови од криминалистичката област и учествувал на повеќе меѓународни собири од кои најзначаен е колоквиумот на ИНТЕРПОЛ во Париз.