Во село Скачковце во дворот на манастирот Св.„Троица“ се наоѓа изработено огромно јајце со натпис „Христос Воскресе“со кое Ви честитаме третиот ден Велигден .
Јајцето е високо 3 метри и тешко околу 3 тони и според досегашните сознанија тоа е едно од поголемите не само кај нас туку можеби и на Балканот.
Според старо народно верување.
Кај луѓето, Светлиот или Водениот вторник се смета за посебен ден, а благодетот од овој ден се пренесува на сопружниците и новооснованите семејства.
Поради тоа, баш на овој ден на многу места се одржуваат свадби. Исто така, ако дете се роди на овој ден ќе има голема среќа во животот.
Се верува дека на овој ден не е добро да се пере, готви, шие, закрпува, особено не машка облека, или облека на момче кое оди во војска.
На овој дене добро да се оди на пат. Доколку одите на пат замислете желба и таа ќе се оствари, а на патот ќе ве следи среќа.








































