*5 јули 1998.- Во Прилеп починал Борка Талески, член на првата група професори што почнаа со работа во гимназијата во Прилеп, во 1945 година. Предаваше латински јазик, руски јазик, филозофија. Ценет беше меѓу колегите, меѓу учениците и често ја употребуваше сентенцијата „Славата на ученикот е слава на учителот“. Прилепчани го нарекуваа граѓанин на Прилеп. Роден е во селото Вранче, Прилепско, на 15 март 1915 година.

*5 Maj 1939 година, во Софија починал македонскиот револуционер Ефтим Спространов, родум од Охрид.Во 1892 година Евтим Спространов учествувал во основањето на Младата македонска книжевна дружина и е соработник на нејзиниот печатен орган – списание Лоза. Заедно со своите истомисленици – Петар Поп Арсов, Тома Карајовов, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев, Андреј Љапчев, Наум Туфекчиев, Георги Баласчев, Коста Шахов, познати и како лозари.
*5 јули 1988.- Во Скопје починала Драга Чаловска – Секуловска, македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје. Родена е во Битола, на 13 октомври 1923 година.
*5 јули 1990.- Во Битола починала Мара Георгиева, македонска артистка, доајен на Народниот театар во Битола, прва „госпоѓа министерка“ на македонски јазик.
*5 јули 2000.- Во Скопје, во издание на ДНИД „Огледало“ Д.О.О., излезе првиот број на дневниот весник „Вест“.









































