НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 23 Октомври

0
114

*23 октомври1893.–  Била формирана Македонската револуционерна организација (МРО), а нејзини основоположници биле: Христо Батанџиев – професор, родум од с. Гуменџе, Ениџевардарско, Даме Груев – професор, родум од Смилево, Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, солунскиот книжар Иван Хаџи Николов, родум од Кукуш, Петар Поп Арсов – професор, родум од с. Богомила, Велешко и Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово, Солунско. На конгресот во Солун во 1896 година била наречена Тајна македоно-одринска револуционерна организација (ТМОРО), а подоцна, на Рилскиот конгрес во 1905 г. била преименувана во Внатрешна македоноодринска револуционерна организација (ВМОРО).

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.

 Во нашата средина во Илинденскиот период активни биле многу наши сограѓани во комитското движење од сите населени места.

Најпозната личност од тој период е Васил Аџаларски за когу има подигнато спомен обележје во неговото родно село Миладиновци.

Народ без минато,нема иднина! За многу години денешниов празник!

*23 октомври 1912 г. во (Велес пристигнува српски околиски началник со неколку писари и жандари. Со нив во Велес дошол и мајорот Воин Поповиќ, придружуван од една чета четници, припадници на организацијата „Црна рака”. Воин Лоповиќ повторно им ставил до знаење на граѓаните на Велес дека треба да се прогласат за Срби. (Извор,Мак.од 1912-1941)

* 23 октомври 1912 година, започнала  Кумановската Битка, во која учествувале  и 2000 македонски доброволци, собрани од месното население, од утринските до попладневните часови сами се бореле против турската војска на фронтот кај местото Стревице близу Младо Нагоричане. Така, го спречиле опколувањето на српската војска на која потоа и пристигнало засилување. Во таа борба меѓу Македонците загинале или биле ранети шест војводи и 200 доброволци, но позициите не ги напуштале. Во оваа битка на српската страна имало 723 загинати, 3.441 ранет и 603 исчезнати. Биле заробени 2.000 турски војници и запленети 61 топ, 6 митралези и големо количество муниција и друг воен материјал.

*23 октомври 1912 г. По протерувањето на турците ,Српската војска го зазела Скопје и селата во скопска околија.

*23 октомври 1915г. при преземањето на Скопје од страна на бугарската војска во официјална посета на Скопје дошол бугарскиот кнез Кирил ,брат на цар Борис.

*23 октомври  до 8 ноември 1941.создадена е „АБРЕ МАКЕДОНЧЕ“. Во тој период, тројцата борци од првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“

Крсте Црвенкоски

Коле Чашуле и

Ордан Михајлоски Оцка,

Добиле, условно кажано, партиска задача да создадат една песна која ќе го подигнува борбениот дух, борбениот морал на борците, а воедно ќе го поттикнува населението за приклучување во партизанското движење. Тројцата литературно надарени, а Оцка посебно музички надарен, бидејќи свирел на виолина и бил музички образован, (денес основното музичко училиште во Прилеп го носи неговото име) во тој период ги создаваат стиховите ,музиката за песната, ги објаснува своите истражувања историчарот Белчески.

*23 октомври1992.- По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото.

*23 октомври1995.- Република Македонија и Австралија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади

*23 октомври2006.- Во Скопје почина Проф. д-р Илија Бојаџиев, долгогодишен шеф на Катедрата за педијатрија на Медицинскиот факултет. Тој е основоположник на Одделот за имунологија на Клиниката за детски болести и е еден од пионерите на клиничката имунологија во Македонија. Денес, во негова чест, овој оддел го носи неговото име. Роден е во Дебар, на 17 јули 1932 година.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука