*18 август 1943 на Славеј Планина, Дебарца, од припадници на Битолско-преспанскиот НОП одред „Даме Груев“, од Велешкиот НОП одред „Димитар Влахов“, од Прилепскиот НОП одред „Ѓорче Петров“ и од новодојдени борци од територијата на Дебарца, на 18 август 1943 година се формира Првиот македонски НОП баталјон „Мирче Ацев“.

Затоа тој ден се зема како ден на АРМ.Овој баталјон е прва регуларна воена единица на македонскиот народ.Овој ден со одлука на Владата на РМ на 3 јуни 1993 прогласен е за ден на АРМ.

*18 август 1903.- Во Крушево е роден Никола Мартиноски, познат македонски ликовен уметник, педагог и академик. Тој беше еден од основачите и прв директор на Уметничкото училиште во Скопје. Неговите уметнички дела се наоѓаат во колекциите на повеќе музеи и галерии, како и во голем број приватни колекции во земјата и странство. Умре во Скопје, на 7 февруари 1973 година.

*18 август 1903.- на Ѓуриште (Венец) се водела жестока битка меѓу четите на Никола Пушкаров и турскиот аскер и башибозук. Малата светиниколска чета на војводите Боби Стојчев и Никола Пушкаров која беше составена од 50 борци од Штипско, Кумановско и Велешко, падна во заседа на турската војска при што започна едночасовна борба над Ѓуришкиот манастир, кај селото Градиште, Кумановско. Во судирот беше убиен Тодор Мирасчиев од Штип и беа ранети тројца борци, а на спротивната страна загинаа девет турски војници.
*17 август 1917 година во Солун забележан големиот пожар. Предизвикан е поради невнимание на француски војник според една верзија, а според друга предизвикан е од бегалци кои приготвувале храна во некој трошен објект, на 18 август 1917 година, трае неколку дена и уништил околу 10.000 куќи и обездомил околу 75.000 луѓе. Голем дел од нив, трајно биле принудени да го напуштат градот, бидејќи наместо брзо обновување на опожарените домови, бил донесен нов урбанистички план и биле градени сосем нови згради и објекти.
*18 август 1967.- Матичната комисија на Македонската академија на науките и уметностите ги избра првите 14 редовни членови на МАНУ: Блаже Конески, Харалампие Поленаковиќ, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Васил Иљоски, Никола Мартиноски, Михаило Апостолски, Михаил Петрушевски, Димитар Митрев, Ѓорѓи Филиповски, Благој Попов, Димитр Арсов, Кирил Миљовски и Петар Серафимов.
*18 август 1998.- Во Скопје умре д-р Андреа Мишковски, специјалист по општа и пластична хирургија, долгогодишен директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и генерален директор на Хирушките клиники при Медицинскиот факултет во Скопје. Роден е во Куманово, во 1932 година.
*18 август 2001 година се водела еднаод најтешките,најголемата и најжестоката битка во 2001 година: Битката за Радуша! 70 полицајци и граничари во херојска борба на 20 метри, гради в гради, со поголема воена формација од 700 припадници од територијата на Косово. Нивна цел била да го заземат изворот Рашче и да предизвикаат хуманитарна катастрофа во главниот град на Македонија.

*18 август 2017г. На 86 годишна возраст д почина Јово Никушев, еден од најпознатите и најуспешните фудбалски имиња во историјата на Македонија. Јово уште како фудбалер со 26 години е назначен и за тренер на екипата, а имал и голем број настапи истовремено и како тренер и како играч. Освен клупски тренер, Јово е долгогодишен селектор на аматерската репрезентација на Македонија за време на поранешна Југославија. По осамостојувањето на Македонија Јово Никушев од првото раководство е поставен за прв селектор на младата репрезентација на Македонија. Јово како селектор го постигнува резултатот што до денес не е надминат. Најпрво ги победува младите репрезентации на Бугарија и Естонија со 7:0, а една од најсилните млади селекции на Европа, репрезентацијата на Данска со 5:2. И можеби што е најважно, како селектор прави нешто кое не се гледа често и денес – од единаесет стандардни фудбалери во младинската репрезентација, десет заиграа стандардно во сениорската селекција на Македонија. Тоа е селектор. Тоа е Јово Никушев. Јово Никушев е роден 17.1.1931 во Скопје