НА ДЕНЕШЕН ДЕН-1 Август

0
188

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

* 1 август 1947 година во Блед, НР Словенија, ФНР Југославија.  беше потпишан  Договорот од Блед (исто така познат како “Тито-Димитров договор”) Тој беше потпишан од страна на бугарскиот лидер Георги Димитров и југословенскиот лидер Јосип Броз Тито, што го отвори патот за идно обединување меѓу државите во новата балканска федеративна република. Исто така, беше предвидено обединување на Вардарска Македонија и Пиринска Македонија. Договорот предвиде да се укинат визите и дозволи царинска унија. Тоа беше, исто така, првпат Бугарија да ги признае етничките Македонци и македонскиот јазик. Овие договори ги одбележуваат взаемните аспирации и напори за развивање на нови односи меѓу двете земји. Тие се согласија дека владата на НР Бугарија ќе ја преземе одговоорноста да ги обезбеди правата на Македонците во Пиринска Македонија (сега регионот Благоевград) во слободниот национален економски и културен развој.

* 1 август 1884.- Во Скопје е роден Лазар Танев, прв претседател (градоначалник) на НОО на град Скопје по завршувањето на НОВ на Македонија. Умре во Скопје, на 1 јануари 1956 година.

* 1 август 1940 роден е  Живко Јаневски, уредник на фотографија во „Нова Македонија“, голем мајстор на фотографијата. Роден е во селото Градско, Велешко. Живко Јаневски, бил уредник на фотографија во „Нова Македонија“, како и во неделните илустрирани магазини „Журнал“ и „Екран“, во издание на НИП „Нова Македонија“. Носител е на AFIAP – меѓународната титула голем мајстор на фотографијата. Беше главен фотограф во филмовите „Кад будем мртав и бео“ на Живоин Павловиќ и „Црно семе“ на режисерот Кирил Ценевски.

*1 Август 1884 – Во предвечерјето на празникот Илинден, во Лазарополе неочекувано пристигнал грчкиот владика Антим, придружен од турска коњичка жандармериска единица. Со цел да ги избегне евентуалните непожелни конфликти со селаните, се сместил во куќата на Томо Палчески, која се наоѓала веднаш до касарната на селскиот аскер. Домаќинот Томо енергично протестирал против тоа неговата куќа да се користи како резиденција на грчкиот владика, меѓутоа, под притисок на командирот на коњичкиот одред, бил принуден да попушти. Веста за доаѓањето на Антима во селото одекнала како експлозија. Ги кренало на нозе сите селани. Голема маса народ се насобрала пред куќата на Томо Палчески. Тука таа го искажала сиот свој гнев против грцизмот, за дрскоста на Антима, кој дошол во крај кој не го признава за свој владика. Масата била решена засекогаш да се пресмета со Антима. Група селани довлекле десет канти газија и ја попрскале куќата на Томо со цел да ја запалат. И кога се очекувало да се фрли искрата, на вратата од куќата се појавил домаќинот Томо со солзи во очите, по што гласно извикал: Браќа, Антим не е во куќава. Избега со жените и децата, облечен во женски алишта! Разбрануваната маса демонстранти, чија бројка се движела помеѓу пет и шест илјади, на повикот од Томо се распрснала на сите страни со намера да го пронајде, но не успеала. Среќна околност за него била што настанот се случувал ноќно време, кога условите за трагање биле неповолни.(Tom Srbinovski)

ЛАЗОРОПОЛЕ

 * 1 август 1968.- Во Врела, кај Макарска, умре Мито Хаџивасилев-Јасмин, македонски револуционер, борец, мислител, државник, новинар и публицист. Посебно значајно место има во развојот на македонското новинарство и публицистиката. Учествуваше во издавањето на речиси сите централни весници во Македонија во 1944 година. Еден е од првите главни и одговорни уредници на весникот “Нова Македонија”, како и на други весници и списанија. Роден е во Кавадарци, на 21 декември 1922 година.

* 1 август 1978.- Во Скопје умре Спасе Куновски, македонски сликар, професор на Педагошката академија во Скопје и член на групата „Мугри“. Учесник е на групните изложби на македонската и југословенската уметност во Франција, Бразил, Турција, Италија, Полска, Норвешка, Куба и на други места. Роден е во Дебар, на 25 септември 1929 година.

* 1 август 1986.- Македонската иселеничка колонија во Австралија организира голем протестен митинг пред Грчката амбасада во Канбера.

* 1 август 1989.- Во селото Ранковци, Кумановско, е предаден во употреба новоизградениот магистрален пат Куманово – Крива Паланка – Деве Баир (граница со Бугарија), односно делницата Куманово – Ранковци во должина од 39 километри.

* 1 август 1992,  Откако Уставната комисија на чело со Тито Петковски, не бендиса ни еден од пристигнатите предлози на конкурсот за грб, знаме и химна на Република Македонија, ги задолжи трите избрани автори да понудат грб и знаме со исто сонце. Така, ова е единствениот предлог, од Уставна комисија, кој влезе во собраниската процедура. Предлозите со лав никогаш не беа поддржани  од Уставната комисија, задолжена за процесот на избор на грб, знаме и химна,  во вжештената дискусија, воопшто не се ни гласаше за предлог за грб.

* 1 август 2012 година била пуштена во употреба хидроцентралата „Света Петка“, која е и последна и најнова хидроенергетски објект ставен во функција.Централата е изградена на реката Треска, помеѓу двете брани, Козјак и Матка, поради што понекогаш браната и хидроцентралата се нарекувани и Матка 2.

Претходниот артикал,ПРВИТЕ АВТОМОБИЛИ ВО СКОПЈЕ
Следната статијаУченичка фотографија од 1987

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука