На денешен ден 12 август 1903г.загинал ПИТУ ГУЛИ

0
64

Тој бил врсник на Пере Тошев и Ѓорче Петров, а на Мечкин Камен загинал на 38-годишна возраст.

 Питу Гули наеднаш бил во командниот кадар во војводското тело на Крушевскиот востанички реон. Тој  максимално се ангажирал во подготовките на востанието.

Питу Гули бил вброен меѓу командниот кадар и вклучен во војводското тело на Крушевскиот востанички реон. Сите биле максимално ангажирани во подготовките на востанието, а за Питу ги обиколувал селата.

Неговиот одред бил најмногуброен. Тој од селата ја собрал и селската милиција, па одредот на почетокот броел околу 350 луѓе.

 На Втори август утрината Питу пред сите востаници одржал говор, наспомнувајќи им ја заклетвата и барајќи строго извршување на наредбите од претпоставените старешини.

По преземањето на Крушево, Питу Гули демонстративно ја искажал својата гордост и радоста од постигнатиот успех. Јавнат на бел ждребец, облечен во запленета беговска срмена облека, тој одел на чело на одредот, следен од знаменосецот Ѓорѓи Димев, со развеано знаме.

На 12 август Бахтијар паша го испратил фатениот Крушевчанец Коста Њику Баждавела во својство на парламентарец кај востаниците со порака да се предадат по барање на султанот.

Иако постоело колебање во Штабот, конечното решение гласело градот да се брани, кој  решително го отфрлил предлогот за предавање на градот, изјавувајќи дека тргнува кај четата за да се бие и да ги брани честа и градот.

Во 1895 или 1896 година, Гули се оженил со крушевчанката Евгенија, ќерка на сточар од Крушево. Во бракот со Евгенија тија имале четири деца – тројца сина и една ќерка – Флора. Академик Манол Пандевски потенцира дека набргу по загинувањето, петчленото семејство на Питу се распаднало.

Претходниот артикал,Од Св. Пантелејмо до Макавеите,штрковите се враќаат во топлиот југ
Следната статија13 август е денот на леваците

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука