-24 април 1905.- Во селото Цер, Кичевско, во борба против турската војска загина (се самоуби заедно до единаесетмината негови соборци) Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери, учител и војвода, роднина на Григор Прличев. Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година загинаа :
1. Христо Узунов Охрид 27, 2. Петар Георгиев Битола 24, 3. Јордан Иванов Годивје 26
4. Бојче Павлев Миокази 35, 5. Славејко Савинов Охрид 23, 6. Иван Марков Враца 23
7. Крсте Георгиев Вранештица 35, 8. Милан Симеонов Тетово 22, 9. Урош Костадинов Пласница 20, 10. Јоованчо Стефанов Ораовец 22, 11. Георги Влахот Струга , 12. Ванчо Србаков Вранештица , 11. Јонче Спасенов Дворци,Село Цер, 1903 година
– 24 април 1909 година се случи контраудар во Истанбул каде подржувачите на Султанот сакаа да го вратат назад стариот поредок, Јане Сандаски со 1200 Македонци на повикот на МладоТурците заминал во Цариград, каде после 2 дневни борби лично тој со Тодор Паница го заробуват турскиот Султан Ахмет Втори и со то ја спасија револуцијата
–24 април 1949.- Во Скопје се одржа првото Универзитетско собрание во Македонија. Притоа е формиран Скопскиот универзитет. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата, Универзитетот го доби името “Кирил и Методиј”, а од 12 ноември 1992 година, “Свети Кирил и Методиј”.
-24 април 1993.- Умре Митко Илиевски, еден од основоположниците на Катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Роден е во селото Блатец, Виничко, на 17 мај 1924 година.
-24 април 1995.- Во Битола умре Љубиша Георгиевски, македонски артист, првенец на Битолскиот народен театар. Роден е во 1930 година.
-24 април 1995.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво
-24 април 2011.- На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје беа пуштени во употреба целосно реконструираните северна, источна и западна трибина. Постоечката јужна трибина која исто така беше опфатена со реконструкцијата е изградена во 1978 година, а камен-темелникот за изградба на останатите трибини беше поставен во 2009 година