Денес е меѓународен ден на леваците

0
399

Сите на кои примарна рака им е левата, денес го празнуваат својот ден , кој почнал да се одбележува уште од 1976 година во САД.

 Се претпоставува дека леваците заземаат 13 отсто од светската популација, а во последните 100 години, нивниот број се зголемил за четири пати

Причината за ова е тоа дека ако поразвиена левата половина на мозокот, човекот е деснак и ги врши секојдневните активности со десната рака, но ако е поразвиена десната – тој е левoрак. Десната половина на човековиот мозок, која владее со леваците ги обработува информациите интуитивно, брзо, со многу емоции, креативно, а слабата ориентација во просторот е честа одлика на леваците. Воспоставувањето врска помеѓу левата и десната мозочна хемисфера оди побрзо кај леваците, утврдиле научниците. Според нив, тие се потемпераменти, нестрпливи и често прават нешто без да промислат и имаат потреба за менување активности бидејќи тешко трпат присила. Тие се во состојба …

Треба да имате на ум дека леваците живеат во светот на деснаците, опкружени се со технологија и направи за лицата што ја користат десната рака, како што се ножици, тетратки со спирали, тастатура…

НЕКОЛКУ ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ЛЕВАЦИТЕ

Но леваците се исклучителни во некои работи  и тоа:Тие се подобри љубовници,  Тие се лидери, Тие се гении. Ретки се, Знаат да заработат пари, Креативни се и друго.

– Кина е најнаселена држава, но има најмал процент на леваци – само 1,5%.

– Во 12% од случаите со еднојајчани близнаци, едниот е левак, едниот е деснак.

– Леваците се личности кои најчесто имаат коефициент на интелигенција над 131.

– Леваците имаат три пати поголеми шанси да станат алкохоличари, бидејќи ја користат десната страна на мозокот, која е помалку толерантна спрема алкохолот.

– Ако двајцата родители се леваци, шансите и нивното дете да биде левак се 50%. Истовремено, двајца деснаци родители имаат само 2 проценти шанси да добијат левак дете.

– Од последните седум американски претседатели, 5 биле леваци.

– Се смета дека Леонардо да Винчи пишувал со двете раце, во двете насоки.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -13 АВГУСТ
Следната статијаПреображенски и Богородичен пост.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука