НА ДЕНЕШЕН ДЕН-24 СЕПТЕМВРИ

0
132

* 24 септември 1908.- Во Солун, во кафеаната „Бошњак-ан“, платени терористи-врховисти извршија неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански кој беше повреден. При атентатот две лица од придружбата на Сандански беа смртно погодени.

*  24 септември 1910 година. Во Варош –прилепско,роден е Мице Козароски –Јандре,Израснал во добро ситуирано семејство. Семејството Козар поседувало голема обработлива површина под лозје и тутун, вклучително и ан во старата чаршија. Жедта за наука му ја ускратува неговиот татко по завршен втори клас гимназија, па следи негово ангажирање како помошник на татко му.Бил македонски партизан, комунист, учесник во НОБ, еден од повлијателните припадници на работничкото движење во Македонија помеѓу двете светски војни.Загинал на 19 декември 1942година .

* 24 септември 1913г. било забрането собирање на луѓе на јавни места ,а селаните при одење во Скопје требало да земе дозвола од селскиот одбор,така било во цела скопска околија.

*24 Септември 1953 – Прва изведба на “Македонска крвава свадба” од Војдан Чернодрински на македонската професионална сцена: МНТ во Скопје. Режија: Димитар Ќостаров, адаптација: Венко Марковски и Петре Прличко. Меѓу толкувачите на главните улоги беа Тодорка Кондова (Цвета), Драги Костовски (Спасе)и Илија Милчин (Осман-бег).

* 24 септември 1988.- На Олимписките игри во Сеул канадскиот спринтер од афроамериканско потекло Бен Џонсон во финалната трка на 100 метри постави светски рекордод – 9,79 секунди, но резулатот беше поништен и по шест дена му беше одземена златната медаља заради допинг.

* 24 септември 1989.- Во Охрид умре Кирил Билбиловски, пионер на македонската кинематографија, еден од првите уметнички фотографи и втемелувач на професијата филмски снимател во Македонија. Животната преокупација – филмската уметност ја работеше со неверојатен ентузијазам, снимајќи повеќе од сто документарни филови и десеттина играни филмови. Како филмски снимател неговото име се јавува и на шпицата на првиот македонски игран филм „Фросина“. Мошне значајни се и креациите на неговата филмска камера во филмовите „Денови на искушение“, „Каде по дождот“, „Македонска крвава свадба“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Најдолгиот пат“, „Исправи се Делфина“ и во други. Роден е во Скопје, на 3 мај 1920 година.

* 24 септември 1993.- Во Монте Карло, во Кнежеството Монако, Македонскиот олимписки комитет е примен за рамноправен член на олимпиското семејство како 195-ти член.

* 24 септември 1995.- Во Лерин умре Коста Гочков, еден од најистакнатите активисти во борбата за признавање на човековите права на Македонците од егејскиот дел на Македонија во Грција и член на политичката организација „Виножито“. Роден е во селото Овчарани, во 1944 година.

*24 септември 2017 година, Скопје, Македонија , со света архиерејска литургија во соборниот храм “Свети Климент Охридски“ во Скопје, беше извршена канонизација на архимандритот Јоаникиј од Ракотинци за светител на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Претходниот артикал,Камен мост-Скопје
Следната статија„ЛИЖАВКИ“

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука