* 29 декември 1944г. –Формирана е Македонска стопанска банка.
* 29 декември 1920г. –Во Софија умре Марко Цепенков, во крајна мизерија, сиромаштија и заборавен од сите, чие име подоцна ќе стане синоним и симбол на Македонската култура, традиција и народно творештво на Македонија. Тој еден од најголемите собирачи на македонски народни умотворби, неговото творештво собрано е во 10 книги.
* 29 декември 1943г.-Во атарот на селото Канарево-кумановско ,бугарската војска стрелала 8 луѓе од селото Орах,еден од Канарево и еден од Длабочица,а 77 луѓе од сеото Орах биле интернирани во Бугарија.
* 29 декември 1956.- Во Велес умре Андреја Карпузов, прв Македонец магистар по фармација и прв аптекар во Македонија, поддржувач на Гоцевите идеи. Гимназија заврши во Солун, Виша фармацевтска школа во Билиџик, во Турција, а дипломира на Царскиот медицински факултет, отсек фармација, во Цариград, во 1899 година. Во Велес се врати во 1903 година и се вработи во општинската аптека. Од 1907 до 1948 година имаше своја аптека во Велес, која му беше национализирана. Роден е во Велес, на 10 октомври 1872 година.
* 29 декември 1992г.Холандија ја призна Република Македонија
* 29 декември 1993г.Република Македонија и Исланд воспоставија дипломатски односи.
*29 декември 1993.- Владите на Република Македонија и на Република Полска донесоа одлуки за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете држави во ранг на вонредни и ополномоштени амбасадори. Република Полска е прва земја од централна Европа која воспостави дипломатски односи со Република Македонија. Официјалните документи се разменети на 30 декември 1993 година.
*29 декември 1993.- Во Скопје е основана Националната конвенција, невладина и непартиска организација за заштита на идентитетот на македонскиот народ.
*29 декември 1998.- Во Скопје умре Тома Шијаковиќ, македонски ликовен уметник. Роден е во Косово Поле, на 14 март 1930 година.
*29 декември 2000г.-Претседателот на Македонија Борис Трајковски ја посети Југославија ,ова е прва посета на македонски Претседател по падот на Слободан Милошевиќ.