Фотографија од 70-те години од минатиот век, на истата Дафинка Ѓуровска од Илинден,а фотографијата ја отсликува тешката улога на жената во секојдневниот живот во тоа време ,во споредба со денешниот.
Во тие години од минатиот век жената-домаќинката не била поштедена од секојдневните активности работа на поле, како и останатите членови од семејството .
Покрај тоа, таа пред или по извршување работните задачи морала да ги заврши и обврските спрема семејството во однос на припрема на храната ,перењето и други обврски во куќата .
Но, за разлика од денес кога сите тие активности жената ги извршува на „копче“,тогаш истите активности се извршувале на многу тежок и примитивен начин,со греење вода или перење во котел ,печење на леб под вршник со отворен оган надвор,а некогаш и по невреме итн.







































