НА ДЕНЕШЕН ДЕН 28 ЈАНУАРИ

0
271

28 јануари 1898.- Во Велес е роден Кирил Ќамилов, еден од македонските учесници во Шпанската граѓанска војна (1936-1939 г.). Умре во Скопје, на 8 септември 1976 година.

28 јануари 1878.- Во Њу Хевн, САД, пуштена е во употреба првата телефонска централа, две години подицна откако Александар Грејем Бел го патентираше телефонот.

-28јануари 1919г.Воспоставен е сообраќај на железничката линија Скопје-Ниш.

28 јануари 1945.- Во Скопје е отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа.

28 јануари 1962.- Американскиот вселенски брод без екипаж „Ренџер III“ наместо да се спушти на Месечината ја промаши целта за 35.300 километри.

28 јануари 1987.- Во Варшава умре професорот Адолф Циборовски, истакнат архитект и член на Државниот совет на НР Полска. Долга низа години беше главен урбанист и архитект на повоената изградба на Варшава. Големи заслуги има и за обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година.

28 јануари 2004.- Во Скопје умре Алаетин Тахир, писател, литературен критичар, есеист и новинар од турската националност во Македонија. Автор е на книгите „Апартман 18“ и „Портрет“. Роден е во Скопје, на 23 април 1949 година.

Претходниот артикал,Свети Сава
Следната статијаДафинка Ѓуровска во 70-те

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука