
* 26 февруари 2004г. ,Македонија се соочи со длабока болка и жал, кога во трагична и се уште неразјаснета авионска несреќа загина Претседателот на Македонија Борис Трајковски ,со својата осумчлена придружба .Падот на авионот се случи на неколку километри пред неговото слетување во Мостар.

Во оваа несреќа загина и нашиот сограѓанин Борис Велинов ,телохранител на Претседателот Борис Трајковски.
Борис,потекнуваше од работничко семејство, личност кој го красеше храброст,ведрина, максимална лојалност , почитуваше и беше почитуван во нашата средина.
Во 90 -те години тој активно се вклучи во создавањето , а во 2001 и во одбраната на Македонија.
Зад себе остави сопруга и две деца.
Многумина Македонци сметаат дека претседателот Трајковски загинал под неразјаснети околности, незадоволни од официјалното објаснување дека се работи за грешка на пилотот во авионот. После неговата мистериозна смрт се јавија многу шпекулации во јавноста, дека странски служби се виновни за падот на воениот авион. За сите беше многу чудно, затоа што летот намерно наместо ноќта на 25ти бил презакажан за 26ти утрото, а бил променет и дел од екипажот.

Врските на авионот со контролата на летање биле прекинати, а намерно навигацијата била преземена од воено возило кое кингерот го наведувал на линија со воен авион.
За несреќата која се случи во близина на Мостар, за причините за падот на „кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа изврешени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти.И во двата извештаја, кои многу се разликуваат, сепак како причина за падот на „кингерот“ се наведуват пилотските грешки и други системски пропусти. https://www.magazin.mk/25-јануари 2019
*26 февруари 1926.- Во селото Врбени, Леринско, е родена Тимка Димкова, една меѓу храбрите жени-борци на народноослободителното движење на македонскиот народ во Егејска Македонија. Загина во борба против грчката владина војска на височината Вулгара, Котелско, на 5 април 1949 година.
*26 февруари 1932.- Во Штип е роден Спиро Прилепчански, долгогодишен новинар и уредник на неделниот енигматски забавник на “Нова Македонија”, доајен на енигматиката во Македонија, уредник и издавач на првото енигматско списание на македонски јазик, чиј прв број се појави во Штип, на 1 мај 1966 година. Умре во Скопје, на 7 март 1990 година

*26 февруари 1944 година во селото Жегљане била создадена Кумановската дивизија со спојување на три бригади, имајќи околу 5.500 борци.Селото Жегљане зазема средишна положба во однос на останатите планински козјачки села, поради што служело како нивно средиште. Селската црква „Св. Ѓорѓи“ била користена за верски потреби и од останатите околни села..

*26 февруари 1948г. во Богданци е Ѓорѓи Колозов –,починал на 13 октомври 2003г. во Скопје— еден од најпознатите глумци во Македонија, најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар,селанец , па дури и како ГОСПОД. Уживал популарност и во македонската дијаспора во Австралија ,САД и во соседните држави..
*26 февруари 1992.- Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.
*26 февруари 2001.- Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата одлучи добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2001 година да биде Шејмас Хини, ирски писател.

* 26. февруари 2016г. почина Нико Нестор, македонски пливачки маратонец, првиот Македонец кој го препливал Ла Манш. Тој бил член на ПВК “Охридски бранови“ од Охрид. Од 1948 до 1967 година учествувал на републичките првенства во пливање на кои освоил 14 први места (титули)и поставил наколку републички рекорди. Во периодот од 1954 до 1959 година се истакнал во пливање на долги патеки на Охридското Езеро. Во 1958 го препливал езерото од Св. Наум до Струга за 11 часа и 28 минути, а во 1959 година го препливал Ла Манш за 12 часа и 6 минути.