29.3 C
Skopje
недела, јули 12, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 38

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Фотографија пред изградбата на инустриската зона „Скопје“- 2

0
Фотографија направена пред десетина години,непосредно пред изградбата на индустриската зона Скопје -2 во месноста (Гладно Поле),која се наоѓа помеѓу Илинден,Ајватовци,Бунарџик и Марино....

Дел од родот Ѓореви-Ајватовци

0
На фотографијата што ја испрати Соња Таневска од Ајватовци се нејзини роднини од семејството Ѓореви од Ајватовци. На фотографијата се Петре и Дуна Ѓореви со...

УСПЕШНО ГОСТУВАЊЕ НА АНПИ „ИЛИНДЕН“

0
УСПЕШНО ГОСТУВАЊЕ НА АНПИ „ИЛИНДЕН“ Oд 04  до 07 јули 2019 година на покана на Општина Дојран, Ансамблот "Илинден"од Населба Илинден гостуваше во Стар Дојран. Притоа се одржа...

Ѕвезда и Севда во 50-те

0
На фотографијата две девојки Ѕвезда и Севда во „градска носија“ како што се нарекуваше тогаш, тогашен стил на женско облекување . Инаку во...

Концерт на СОСУ Илинден

0
Уживање на Љубителите на убавата народна песна За тоа се погрижи музичкиот бенд на нашето средно училиште Илинден , кој одржа концерт  синојка на преполнетиот АМФИ ТЕАТАР, кај домот...

Фотографија на дел од родот Најдови-1963

0
Фотографија на дел од родот Најдови и некои нивни гости во 60-те години од минатиот век. На фотографијата може да се препознаат : Ладе...

Поглед кон Водно

0
Фотографија со поглед кон Водно од надвозникот кај железничка станица Илинден

Концерт на бендот СОСУ „Илинден“

0
За љубителите на убавата народна песна На ден 26 јуни 2019 година(Среда) со почеток во 20 часот , под мотото Вечер на македонска музика, училишниот бенд...

Баба Велика Роглева со дел од внуците и паравнуците-1962г.

0
На фотографијата баба Велика во улога на матица со дел од нејзините внуци и паравнуци. Горе:Коца Колева,Ѓурѓа,Нада,Симо,Гена. Среден ред:Малото бебе - Бадел,Мира,Баба Велика,Лиле, и Доле:Перо...

Перса и Сава

0
На фотографијата бабите Перса и Сава Шкодреви -јатрви ,во секојднавна носија за постари особи во 50-60-те години од минатиот век.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ