24 C
Skopje
недела, јули 12, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 45

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Фотографија од 60-те години од минатиот век

0
Фотографија од 60-те години од минатиот век ,на истата: Горе: Ангелина и Богатин Роглеви,ЛадеНајдов ,Славче? Цветан Бејтовски -Шуљтан,Војко и Гена Роглеви и непозната,на некоја веселба.

GRAN PRI , ЗА ТАМАРА АНГЕЛОВСКА ,НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО СОФИЈА

0
GRAN PRI , ЗА ТАМАРА АНГЕЛОВСКА ,НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО СОФИЈА. На 15 и 16 септември оваа година нашата сограѓанка ТАМАРА АНГЕЛОВСКА учествуваше на меѓународен...

Патронатот на ООУ Гоце Делчев,80 -те години. 

0
Фотографија испратена од Софија Софи ,од настапот на ученички од фолклорната секција при  ООУ Гоце Делчев,80 -те години  по повод патронатот на училиштето . 

Млади од Бучинци во народна носија

0
Благодарност до Нада Стојановска за испратената фотографија,на истата млади од Бучинци во народна носија.Во средина Благуна , а другите две облечени во народна носија...

најстара семејна фотографија од нашава средина

0
Објава на најстара семејна фотографија од нашава средина, истата е од 1913 година ,а направена е во Бунарџик.Според возраста на детето проценка е дека...

Железничка станица низ времето

0
Фотографија од првата железничка станица во Илинден, именувана како „АЈВАТОВАЦ“,по името на соседно Ајватовци. Во 1926 г. на пругата Скопје –Табановци, се изградиле 4 современи...

„Печење“ракија,Бујковци-1965

0
Благодарност за Аце Ваневски за испратената фотографија,на истата жители на Бујковци во 60-те години од минатиот век. По „печењето“ракија во погонот на ЗИК Скопско...

Pодот Шкодреви -1943 година

0
Благодарност за испратената фотографија на Новица Трајковски ,на истата членови од родот Шкодреви -1943 година

Јовче Петковски-Дипломиран музичар

0
*Јовче Петковски-Дипломиран музичар Роден 25.01.1983год. жител на село Мралино-Илинден. Основно образование заврши во ОУ Ристо Крле с.Кадино, паралелно со основното училиште посетува и часови по...

Трпевски Зоран –аматер сликар,одржа самостална ликовна изложба

0
На 26 јули оваа година во домот на култура Илинден –населба Илинден ,под наслов „Шепотот на Боите“се одржа самостална ликовна изложба на нашиот сограѓанин...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ