GRAN PRI , ЗА ТАМАРА АНГЕЛОВСКА ,НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО СОФИЈА

0
221

GRAN PRI , ЗА ТАМАРА АНГЕЛОВСКА ,НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО СОФИЈА.
На 15 и 16 септември оваа година нашата сограѓанка ТАМАРА АНГЕЛОВСКА учествуваше на меѓународен фестивал во Софија и ја освои GRAN PRI наградата.
Жирито беше составено од врвни џез музички педагози,со богата биографија кои студирале на најпрестижните светски универзитети. Сите тие едногласно на Тамара и ги дадоа највисоките 100 поени, за изведбата на Suus,Je t’aime i Ti ne dojde, од нашата Каролина Гочева.
Инаку, Тамара е студент во втора година на Музичката Академија во Софија,а зад неа стојат низа успеси ,награди на многу меѓународни фестивали во светот ,главна улога во мјузиклот West Side Story,беше избрана да настапува пред Претседателот на Република Бугарија и дипломатскиот кор во Софија и многу други.
Наскоро Тамара треба да настапи на еден голем настан во Романија во еден од најубавите театри Queen Marry Theatre,за кои доби официјална покана од организаторите.
Пред Тамара престојат низа настани, од кои очекуваме уште повеќе пријатни изненадувања.

Претходниот артикал,Обичаи поврзани со празникот Преподобен Симеон Столпник
Следната статијаЛЕТАЊЕ ЗМАЈ-ДЕТСКА ИГРА ОД БЛИСКОТО МИНАТО

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука