8.8 C
Skopje
сабота, мај 2, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 53

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Дел од родот Шкодреви-1960

0
Фотографија испратена од семејството Трајковски,на истата дел од родот Шкодреви од Илинден,сликани околу 1960г.

Жители на Илинден-1960

0
Фотографија од 60-те години од минатиот век испратена од Бобан Митовски,на истата горе:Цанко Ѓуровски,Тоде Бејтовски,Коце од Бујковци,Ванчо Велковски,Најдо Тодоровски-Аџаларски и Цоне Величков доле:Цане Велковски,Милан...

Атанас и Слободанка во манастир во Дељадровци-1960

0
Фотографија од 60-те г. од минатиот век,испратена од АЦЕ Ваневски,на истата Атанас и Слободанка од Бујковци, сликани пред манастирот во Дељадровци.

Ноември бил месец на колење свињи

0
Фотографија стара 40 години,испратена од семејството Георгиевски-Пиличковци. Ноември (свињокол)отсекогаш бил месец во кој се вршела една од последните припреми за зимскиот период.Девиза на постарите била...

Во Мршевци-2008

0
Наликува на авто стоп ,ама не беше тоа.Фотографија направена во Мршевци-2008г

Mлади од Илинден-1967

0
На оваа фотографија испратена од семејството Атанасовски, сликани се младинци од Илинден.На истата се препознаваат:Миле Атанасовски,Ристо Ангеловски-Шеки,Тоде Атанасовски,Пеце Георгиевски,Пешевска Ката,Владо јајчарот,Аце Пешевски,Бранко Бошковски и...

Велосипедот имал големо значење-1960

0
Фотографија од 1960 година , испратена од Миле Атанасовски. На истата,братучедите: Аница Ѓуровска ,Костадин -Коце Ѓуровски и Иванка Атанасовска.Точакот во тоа време значеше многу...

Користење на коњска запрега-1970

0
Фотографија испратена од Бети Анчевска,на истата Богоја Анчевски и Трајче Богдановски од Кадино во 70-те години на минатиот век.Во тој период при крај беше...

Браќата Арсо и Лазо-1960

0
Браќата Арсо и Лазо и Драгица сопруга на Лазо Фотографија од 60-те години од минатиот век ,а се совпаѓа со есенските гроздоберски активности ,актуелни во...

Војник Филип Ангеловски-1920

0
ФОТОГРАФИЈАТА стара 97 годинина,на  истата војник  ФИЛИП АНГЕЛОВСКИ од Марино.Сликата ја  испрати Крстана Геогиевска ,нивен потомок.Филип доселен од Бунарџик во Марино со неговата сопруга...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ