29.8 C
Skopje
вторник, мај 26, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Обичаи поврзани со свадби

Порано, одлуката за стапување во брак и за тоа кој со кого или со која ќе се ожени или омажи, зависела исклучиво од родителите на младоженците. Главен збор при склучување на бракот имале стројниците. Тие, имале улога да посредуваат помеѓу родителите на младите пред да се склучи бракот. За стројник, обично се бирал човек со голема способност за убедување и авторитет во селото. Него, по правило, секогаш го повикувале родителите на момчето за да се договорат и да му кажат која била избраничката за нивниот син, за потоа, тој да оди кај родителите на девојката на преговори. Доколку родителите на девојката ја прифателе понудата, ја повикувале девојката за да ја запознаат кое момче за неа било заинтересирано и, воедно, да се изјасни дали ја прифаќа понудата или не. Доколку понудата биде прифатена, по стројникот за момчето биле испраќани подароци (тн. “нишани”) и тоа: кошула, чорапи, елек, појас и друго.

Свадба на Душан и Добринка-1966

0
Фотографија од свадбата на младоженците Душан Ѓорев од Ајватовци и Добринка од Старо Нагоричино, во 1966 година.

Веридба на Трајче и Славица во 60-те

0
И, денес ,ама во минатото тоа беше многу поприсутно, пред свадбите се правеа веридби кои по бројот на гостите можеби беа и доста побројни...

Свадба на Спиро Павлина-1950

0
Фотографија од свадбата на Павлина од Бучинци и Спиро од Петровец ,50 - години.

Свадба на Славе и Гуна-1969

0
*Фотографија од свадбата на Славе-Цаљко Атанасовски и Гуна Нацевска во 1969 година и двајцата од Илинден.

Свадба на Цане и Мира

0
Фотографија направена во 70-те години од минаатиот век од свадбата на Цане Бошковски од родот Бејтовци од Илинден и Мира Жигиќ од Кадино,на фотографијата...

Свадба на Благе и Верче

0
На фотографијата се поголем број членови на фамилијата Јовановски кои припаѓаат на родот Дончевци, во 80-те години од минатиот век на денот на свадбата...

Фотографија од свадбата на Трајан и Слоботка Неделковски-1965 г

0
*Фотографија од свадбата на Трајан и Слоботка Неделковски-1965 г., а на истата се невестата Слоботка и братучетките на Трајан Марица и Иванка Атанасовски.

Обичај на свадба е невестата да се наоѓа од левата страна на младоженецот.

0
*Обичај на свадба е невестата да се наоѓа од левата страна на младоженецот. Оваа традиција датира од времето кога браковите биле договорени, а киднапирањето било честа...

Свадба на Бојче од Марино и Ника од Кадино,70-те

0
Фотографија од Свадбата на Бојче Брзаков од Марино и Ника Ангеловска (Тргачевска)  од Кадино,70-те години од минатиот век.Покрај нив на фотографијата се и Олга...

Обичајот „китење“на младоженецот

0
***ВЕБ+ФБ***Обичајот „китење“на младоженецот Овој обичај некако брзо се прифати во 80-те години на минатиот век, истиот ни дојде од соседството од Србија,но  за среќа и...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ