29.8 C
Skopje
вторник, мај 26, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Обичаи поврзани со свадби

Порано, одлуката за стапување во брак и за тоа кој со кого или со која ќе се ожени или омажи, зависела исклучиво од родителите на младоженците. Главен збор при склучување на бракот имале стројниците. Тие, имале улога да посредуваат помеѓу родителите на младите пред да се склучи бракот. За стројник, обично се бирал човек со голема способност за убедување и авторитет во селото. Него, по правило, секогаш го повикувале родителите на момчето за да се договорат и да му кажат која била избраничката за нивниот син, за потоа, тој да оди кај родителите на девојката на преговори. Доколку родителите на девојката ја прифателе понудата, ја повикувале девојката за да ја запознаат кое момче за неа било заинтересирано и, воедно, да се изјасни дали ја прифаќа понудата или не. Доколку понудата биде прифатена, по стројникот за момчето биле испраќани подароци (тн. “нишани”) и тоа: кошула, чорапи, елек, појас и друго.

Свадба на Коле и Нада

0
Свадба на Нада Марковска(Панкова)од Илинден и Коле Тргачевски од Кадино, 1973/74г.

Свадба на Перо и Милица – 1976г

0
Свадба на Перо и Милица Ангеловски во 1976г.,на сликава дел од најблиските роднини.

Свадба на Миле и Станка-1971

0
Фотографија од свадбата на Миле и Станка Атанасовски во 1971г.На сликата се прикажува моментот на „ДАРУВАЊЕ“,во оваа прилика секој од гостите ги дарува младите...

Китење на свадбен венец

0
КИТЕЊЕ ВЕНЕЦ Свадбата се најавувала со плетење на венeц во истиот се ставала прачка од винова лоза (за младите да бидат вечни), продукти од бела...

Свадба на Дана и Борче-1969

0
Свадба на Дана Пиличковска и Борче Велковски,1969г.со блиски роднини .

Свадба на Најдо Дончевски-1964

0
Слика од 1964г,од свадбата на Најдо Дончевски ,со семејствата на брат му Цветко и сестра му Милица.Девер на свадбата Тоде Нацевски.

Свадба на Борко и Благица

0
Слика од 1960 г .од свадбата на Борко и Благица Нацевски( од родот САВЕВИ)

Свадба на Боне и Ленче-1969

0
Свадба на Боне Трајковски(Шкодрев)со Ленче Илиевска- 1969г.

Свадба на Трпе и Дика-1957

0
Фотографија испратена од Стојанче Николовски Свадба наТрпе и Дика Николовски(Аџиевски)1957г.

Свадба на Душан и Зорка

0
Фотографија испратена од Бобан Митровски. Од свадбата на Душан Митровски и Зорка Панушковска-1974г. од Илинден,со најблиските од нивното семејство.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ