29.8 C
Skopje
вторник, мај 26, 2026
Место за реклама
Атанасовски

Обичаи поврзани со свадби

Порано, одлуката за стапување во брак и за тоа кој со кого или со која ќе се ожени или омажи, зависела исклучиво од родителите на младоженците. Главен збор при склучување на бракот имале стројниците. Тие, имале улога да посредуваат помеѓу родителите на младите пред да се склучи бракот. За стројник, обично се бирал човек со голема способност за убедување и авторитет во селото. Него, по правило, секогаш го повикувале родителите на момчето за да се договорат и да му кажат која била избраничката за нивниот син, за потоа, тој да оди кај родителите на девојката на преговори. Доколку родителите на девојката ја прифателе понудата, ја повикувале девојката за да ја запознаат кое момче за неа било заинтересирано и, воедно, да се изјасни дали ја прифаќа понудата или не. Доколку понудата биде прифатена, по стројникот за момчето биле испраќани подароци (тн. “нишани”) и тоа: кошула, чорапи, елек, појас и друго.

Свадба на Драги Слободанка-1968

0
Слика од свадбата на Драги и Слободанка во 1968г.Во тоа време младите за венчавање влегуваа на големата порта во црква ,а излегуваа на малата...

Китење на младоженецот

0
„Китењето“со пари на младожењата,се обавувалo во куќата на невестата,кога се доаѓало по неа .Овој обичај, се практикуваше 1985-1995г.Истиот, беше прифатен под влијание од север...

Врзување раце на младите

0
Свадбата на Благоја-Баже и Ленче Николовски(Аџиевски) во 1979 година .За свечаниот чин на венчавањето се практикуваат повеќе обичаи врзувањето на рацете со басмо-ткаенина што...

Готвачи- авчии на свадби

0
На сликата Милан Бошковски(Бејтовски)и неговата сопруга Илинка. Милан беше еден од „авчиите“кој готвел на многу свадби во минатото во Илинден. Се до 70/80- тите години од...

Свадба на Диме и Петранка-1974

0
Сликата ја испрати ,Марко Младеновски-паравнук на Генчо. Свадба на Диме и Петранка Мицевски(Џиковски)-1974г. ,покрај нив на сликата свекорот Анѓелко-Генчо,свекрвата Стојна ,Мира и Мишо сестра и...

Свадба на Љубе и Мица-1964

0
Фотографија испратена од Ацо Спасовски ,од свадбата на Љубе и Мица од Илинден  1964г. На сликата покрај младоженците се и сестрите на Љубе Драгана со...

Свадбени подароци

0
Оваа фотографија е од 60-тите години од минатиот век ,а намерата е да се прикажат какви подароци- „бакшижи“се поклонувале тогаш на свадбите и со интересна...

Свадба на Ѓорѓи и Душка-1974

0
Свадба на Ѓорѓи и Душка Тодоровски -1974г. 

Чеиз на невестата

0
БЕЗ ЧЕИЗ НЕМАЛО МАЖЕЊЕ И СВАДБА! Во собата на невестата во нејзиниот дом „накитена“со нејзиниот чеиз ,била достапна за сите да видат колку и каков...

Свадба на Боре и Велика

0
Свадба на Боре Бошковски(Бејтовски)и Велика Ѓорѓиевска(Пиличковска),девер Боне Шкодрев-1961г.(благодарност до семејството Трајковски)

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ