Најмногубројните детски игри во минатото се играле по дворовите (џамлии, морт, мижитантара, плочка, долга магарица, скокање преку ортома – јаже и други), а додека ја напасувале стоката и по полето, по утрините и ливадите (зајкуре, челик, бишка, ложана, трлај уши, гропчиња и други).